Социјалната блокчејн мрежа Minds мигрира во Ethereum за своето лансирање

Социјалната мрежа базирана на блокчејн наречена Minds, ја мигрира својата платформа во мрежата на ethereum, според објавата во понеделникот.

По околу четири и пол месеци поминати на својата тест мрежа, Rinkeby, стартапот ќе се пресели во ethereum за негово целосно лансирање во живо. Фирмата тврди дека ќе обезбеди достапна социјална мрежа за корисниците без цензури, особено оние во потенцијално авторитарните земји, според соопштението за печатот.

Платформата веќе има околу 500.000 дневни прегледи на веб-сајтот, изјави Бил Отман, извршниот директор. Платформата, исто така, тврди дека има околу 1.25 милиони регистрирани корисници, од кои околу 75% веќе заработиле тест-токени. Како резултат, овие корисници ќе можат да го примат токенот на платформата преку бесплатна “airdrop” дистрибуција.

“Очекуваме севкупно зголемување на трансакциите, како на on-chain така и на off-chain,  поради активирањето на добивките од токенот, набавките и наградите”, рече тој.

Отаман додаде дека тимот дизајнирал “hybrid on-chain, off-chain модел”, за да се осигура дека системот може да се справи Minds и да обезбеди поедноставно корисничко искуство за крипто-новодојденците.

Според компанијата, моделот на on-chain и off-chain, исто така, ќе и помогне на платформата да се справи со големи количини на корисници без да ја загрози ethereum мрежа.

Корисниците можат да плаќаат токени за да обезбедат поголем број луѓе да ги видат нивните постови или да заработат токени преку интеракција. Корисниците исто така можат да го користат токенот за директно да им платат на креаторите и да се претплатат на премиум содржината.

Отман изјави дека ваквиот начин на употреба е популарен на testnet-от, предвидувајќи дека децентрализираната платформа ќе стане една од популарните апликации на ethereum како резултат на лансирањето.

Главниот извршен директор објасни неколку прашања во иднина, велејќи дека “единственото нарушување ќе биде паузата од 24 часа во [peer-to-peer] трансферите помеѓу корисниците преку нашите Wire и Boost функции … ова е потребно само за да се осигураме дека airdrop-от на нашата бета верзија прецизно ќе го одрази претходниот токен биланс на досегашната заработувачка на корисниците.”

Елизабет МеКоули, блокчеј бизнис инвеститор и Minds советник, изјави во соопштението:

“Кога владите ја ограничуваат слободата на говорот и се здружуваат со централизирани компании за надгледување на социјалните медиуми, [Minds] обезбедува засолниште за поединци кои бараат место за глобална интеракција и размена на идеи.”

 

Leave a comment