Состанок на Global Thought лидерите и експертите во блокчејн индустријата на Конференцијата за крипто финансирање во Сент Мориц, Швајцарија

12-ти декември 2018-та – Сент Мориц:

 

  • Прва годишнина од Швајцарската крипто финансиска конференција, која се одржува во јануари 2019-та година
  • Конференцијата привлекува сериозни индустриски експерти и инвеститори од целиот свет
  • Политичките перспективи на Карл-Теодор Гутенберг, Филип Роеслер, Ева Каили и Брајан Форде.

Пред една година првата Crypto Finance Conference (CFC) во Сент Мориц направи меѓународен впечаток со извонредна постава на говорници и “Швајцарија ќе биде крипто нација” изјавата на федералниот советник Јохан Шнајдер-Аман. Сега, една година подоцна, ексклузивната конференција се враќа во Сент Мориц со уште една ѕвездена постава и агенда. Од 16-ти до 18-ти јануари 2019-та година, само една недела пред Светскиот економски форум во Давос, CFC ги обединува водечките инвеститори, експерти и иноватори на блокчејн просторот во Suvretta House во Сент Мориц.

Со оглед на тоа што индустријата почнува да расте, потенцијалното масовно усвојување на технологијата станува се поважна тема, која ќе бара многу работа на политичко ниво. Најдобрите говорници со политичка заднина вклучуваат:

 

  • Карл-Теодор Гутенберг: Поранешен член на германскиот Бундестаг, поранешен федерален министер за економија и технологија и поранешен министер за одбрана. Гутенберг е претседател и основач на Spitzberg Partners, советодавна и инвестициска фирма со седиште во Њујорк, САД. Компанијата, исто така, инвестира ризичен капитал во иновативни блокчејни и AI стартапи.
  • Филип Роеслер: Поранешен Германски политичар, кој беше федерален министер за економија и технологија и заменик-канцелар на Германија. До неодамна работел како член на управниот одбор на Светскиот економски форум. Кон крајот на 2017-та година тој беше назначен за главен извршен директор на фондацијата за хуманитарна работа Hainan Cihang од Њујорк.
  • Ева Каили: Член на Европскиот парламент од 2014-та година. Во својство на претседавач на Орган за проценка на науката и технологијата на Европскиот парламент (STOA) интензивно работи на промовирање на иновациите како движечка сила за основање наEuropean Digital Single Market. Таа е особено активна во областа на блокчејната технологија, m / eHealth, big data, fintech, AI и сајбер-безбедноста. Таа ќе се приклучи на CFC како говорник по вторпат.
  • Брајан Форд: поранешен виш советник за мобилни и иновативни податоци во Белата Куќа, каде го напиша првиот труд за Биткоин кој го информираше претседателот за оваа нова технологија. Тој е исто така познат како поранешен “Крипто Кандидат” за Американскиот конгрес, CA-45. Тој е постар предавач на MIT Sloan School of Managementи е ко-основач на Иницијативата за дигитални валути, академска истражувачка група за криптовалути на светски познатиот MIT Media Lab. Тој ќе се приклучи на CFC по втор пат.

Покрај делегацијата со политичка заднина, CFC поздрави одличен избор на претставници на меѓународна индустрија со технолошко и претприемачко потекло:

  • Чарлс Хоскинсон, извршен директор на IOHK и коосновач на Ethereum
  • Маја Вуиновиќ, извршен директор на OGroup и член на одборот на CoinDesk
  • Хелен Хаи, раководител на Binance Blockchain Charity Foundation и амбасадор на Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации (UNIDO)
  • Бил Таи, претседател и главен извршен директор на ACTAI Global
  • Џејн Липфенкот, бизнис развој во CoinFi и Origin X Capital
  • Енди Бромберг, ко-основач и претседател на Coinlist
  • Флор-Ан Меси, раководител на одделот за осигурување и приватни пензии и финансиски пазар во OECD
  • Тед Роџерс, претседател на Xapo
  • Лорета Јосиф, директорка на Paradym Global
  • Боб МекЕлрат, блокчејн архитект, Fidelity Digital Assets

“Многу се случи од нашата прва конференција и многу е интересно да се види како индустријата полека почнува да расте. За нашата прва годишна конференција тука во Сент Мориц, имаме толку многу прашања за говорниците кои би можеле да пополниме уште 3 дена со одлична содржина. Ние ги собравме вистинските луѓе од различно потекло, кои сите се посветени да направат сериозен бизнис во оваа нова индустрија. Горд сум што можеме да организираме ваков важен настан овде во Швајцарските планини и да придонесеме за имиџот на Швајцарија како глобален центар за развој на блокчејнот”, вели Николо Стоер, извршен директор на Crypto Finance Conference.

За CFC

Конференцијата Crypto Finance (CFC) е најексклузивната инвеститорска конференција во светот за криптовалутите и блокчејн инвестициите. CFC ги поврзува приватните инвеститори, институционалните инвеститори и канцеларии со лидери во блокчејн индустријата. Тридневната конференција нуди стручно образование, можности за инвестирање и одлично вмрежување. Листата на учесници на секоја конференција е строго ограничена, базирана на апликации и организирана од одборот за да им овозможи на учесниците да изградат уникатна мрежа. Во 2018-та година, CFC се покажа како важна платформа и собир за сериозни инвеститори и блокчејн ентузијасти. Кратко време по големиот успех на инаугуративната конференција во Сент Мориц, Швајцарија, во јануари 2018-та, ексклузивниот инвеститорски настан се прошири во Женева, Швајцарија, а подоцна и во Калифорнија во САД. Следната конференција за крипто финансирање ги зема учесниците и говорниците во Сент Мориц, каде што се започна, пред конференцијата да се прошири во Токио, Јапонија, во мај 2019-та година.

Leave a comment