Советот на OН вели дека Северна Кореја преку хакирање украла 670 милиони долари во крипто

Северна Кореја, наводно, добила 670 милиони долари во fiat и криптовалути со спроведување на хакерски напади, објави во петокот, на 8-ми март финансискиот весник Nikkei Asian Review, фокусиран во Азија. Весникот го цитира извештајот на Советот за безбедност на ОН.

Извештајот, подготвен од панел на експерти, беше презентиран пред Комитетот за санкции против Северна Кореја пред својот целосен годишен извештај. Според документите добиени од Nikkei, хакерите ги напаѓале странските финансиски институции од 2015-та до 2018-та година и наводно користеле блокчејн “за да ги покријат своите траги”.

Како што беше наведено од Nikkei, во извештајот се наведува дека нападот бил извршен од специјализиран корпус во рамките на Севернокорејската војска, што претставува дел од владината политика на земјата. Експертите веруваат дека корпусот е одговорен за хакирањето на Interpark, веб-страница за е-трговија во Јужна Кореја, и бараат 2,7 милиони долари во замена за украдени податоци.

Според Nikkei, експертите дојдоа до заклучок дека виртуелните валути ѝ помогнале на Северна Кореја да ги заобиколи економските санкции – бидејќи тие потешко можат да се следат и исто така може да се исперат неколку пати – и да се добие странска валута. Авторите на извештајот препорачаа земјите-членки на ОН да споделат информации за идните можни напади на Северна Кореја со другите влади за да ги спречат на време.

Nikkei, исто така, тврди дека блокчејн претходно бил користен од стартaпот во Хонг Конг, Marine Chain, за да се заобиколат санкциите против Северна Кореја. Како што пишува весникот, компанијата, која тргуваше со бродови низ светот преку блокчејн, беше осомничена за снабдување на Севернокорејската влада со криптовалути и беше затворена во септември 2018-та година.

Една студија во 2018-та година открила дека хакерската група “Lazarus”, наводно финансирана од Северна Кореја, украла 571 милион долари од крипто берза од почетокот на 2017-та година. Од 14 анализирани хакерски напади на крипто берзи, пет се препишуваат на “Lazarus”, вклучувајќи го и хакерскиот напад во кој што беа украдени рекордни 532 милиони долари од Јапонскиот Coincheck во јануари 2018-та година.

Во меѓувреме, другите земји, санкционирани од светската заедница, како што се Иран и Венецуела, исто така, објавија дека криптовалутите се ефикасен начин за заобиколување на финансиските ограничувања. На пример, четири Ирански банки, наводно, развиле криптовалута поддржана од златото наречена PayMon, а земјата наводно преговара со Швајцарија, Јужна Африка, Франција, Велика Британија, Русија, Австрија, Германија и Босна за извршување финансиски трансакции во криптовалути.

Leave a comment