Советник од Холандската централна банка: Цените на биткоин се менуваат во зависност од тоа колку е пребаруван на Google

Советникот за полиси од Централната банка на Холандија тврди дека промените на цените на Биткоин се совпаѓаат со пребарувањето за оваа крипто валута на Google, објави CNBC во петокот, 31-ви август.

Во интервјуто со мрежата во средата, Јостер ван дер Бург од De Nederlandsche Bank изјави дека трендот стана јасен минатиот декември со доаѓањето на првите биткоин futures што го погодија пазарот.

“Секојпат кога биткоин беше на вести, било да е тоа позитивно или негативно, цената се зголеми соодветно”, рече тој.

Неуспехот биткоин да компензира за своите загуби кои започнаа во последните недели од 2017-та година, предизвика различни теории за неговата иднина од традиционалните финансиски кругови.

Враќајќи се на темата на биткоин “bubble”, реномирани личности како економистите Ноуриел Рубини и Роберт Шилер во текот на оваа година ги повторија своите тврдења дека најголемата криптовалута не може долго време да ги одржува високите цени.

Ван дер Бург исто така сугерираше дека пукањето на овој “bubble” можеби не се случило се уште.

“Моето мислење е дека поради воведувањето на futures, би можеле да го дупнат bubble-от пред да стигне до ниво каде што може да се распадна целосно”, додаде тој.

Ван дер Бург не презеде целосно антибиткоински став. Во априлскиот извештај на Банката на федерални резерви на Сан Франциско, во кој тој разговараше за биткоинскиот bubble користејќи го индексот на финансиска нестабилност на Химан Мински, аналитичарот не ја отфрли идејата дека биткоин би можел да претставува вистинска иновација.

“Сепак, можеби биткоин е поинаков од она што го имаме видено претходно, а можеби една деценија од сега неговата пазарна капитализација ќе биде неверојатно висока, бидејќи ќе го достигне статусот на нова глобална валута”, изјави тој во заклучните коментари.

Leave a comment