Словенија како топ дестинација за крипто шопинг

Словенија, мала централно-европска земја, има за цел да стане еден од најголемите играчи во крипто светот. Со своите технолошки достигнувања од светска класа, Словенечката блокчејн технологија го зголеми политичкиот и економскиот интерес. Во доменот на шопингот, блокчејнот ветува дека ќе ги однесе работите на сосема ново ниво во однос на искуството со клиентите и ја направи Словенија една од најпознатите крипто-пријателски земји во светот преку широко распространетата мобилна шопинг апликација за корисниците на крипто. Подобрата вест е дека големото мнозинство од местата што го прифаќаат Биткоин и некои други криптовалути во оваа земја се офлајн. Значи, дали сте подготвени за крипто шопинг авантура во Европската Силиконска долина?

Водич за купување со крипто во Словенија

Феноменот на Словенија како една од најпријателските нации за крипто се истакна со минатогодишното воведување на Elipay, апликација за мобилни телефони за купување со крипто онлајн и офлајн, што резултираше со многу места кои ги прифаќаат Биткоин, Bitcoin Cash, Етер и ЕLI токен . Сега постојат повеќе од 240 локации кои го прифаќаат Elipay, што ја прави Словенија една од земјите со највисока концентрација на крипто-пријателски локации по глава на жител низ целиот свет. Еве неколку препораки ако сте заинтересирани за купување со крипто додека сте во посета на оваа земја.

Бројни локации со Elipay може да се најдат во Словенечкиот главен град, Љубљана, кој исто сега е познат како Bitcoin City™ во светот, а со тоа и го привлече меѓународното внимание. Bitcoin City™ беше креиран како визија за следната генерација шопинг искуство врз основа на најновите технолошки решенија, вклучувајќи го блокчејн; Еligma компанијата беше вклучена во развивање на проектот (која исто така го разви Еlipay) и трговскиот и бизнис-центар BTC City. Ова е местото каде што можете да најдете значителен број на крипто-пријателски продавници и други даватели на услуги во еден единствен трговски центар. Благодарение на оваа погодност, Bitcoin City™ продолжува да импресионира еминентни посетители на крипто. На пример, разновидноста и бројот на местата што го прифаќаат Bitcoin Cash го израдувале основачот на валутата Роџер Вер.

Bitcoin City™ нуди бројни барови и ресторани, вклучувајќи го Restavracija City со панорама поглед во Crystal Palace, една од највисоките згради во Љубљана, како и продавници, салони, театарски претстави во Siti Teater и концертно место, фитнес објекти и Atlantis пливачкиот ресорт. Љубљана е град во кој сè е лесно достапно, па така и другите места кои го прифаќаат Биткоин и други криптовалути се исто така лесно достапни во Љубљана. Најинтересните познати туристички места кои нудат плаќање на блокчејн, ги вклучуваат познатата Zvezda Cake Shop во Slon Hotel, MindMaze escape room, трендовскиот TOZD бар и рестораните Barbarella со локални и еколошки специјалитети.

Забавата не завршува кога ќе ги напуштите Љубљана и Bitcoin City™. Многу други локации за купување со крипто може да се најдат на други места во Словенија. Меѓу другото, може да ја посетите Словенечката национална кујна во ресторанот Vila Ajda Bled, сместен на езерото Блед, едно од најубавите природни знаменитости во Словенија. Во вториот по големина словенечки град Марибор, места кои прифаќаат биткоин и други криптовалути преку Elipay, се Slovenska Local Made – продавница специјализирана за врвен Словенечки дизајн, хотелот Mlada Lipa, и барот Marpurgi со легендарно кафе. Се што ви треба е вашиот мобилен телефон и да сте подготвени да платите!

Мобилен шопинг во Словенија

Предностите на мобилниот шопинг пред готовината и кредитните картички се очигледни. Покрај тоа што е во можност да замени многу дополнителен багаж, како што се менувањето чанти и кредитни картички, мобилниот телефон е еден од елементите кој најмалку можеме да го заборавиме дома. Во Словенија смартфонот како средство за плаќање добива моментум, исто така, поради леснотијата и брзината со која може да се направат таквите плаќања. Мобилната апликација Elipay ги носи истите квалитети за купување со крипто. Во рок од неколку месеци по нејзиното лансирање, Elipay прерасна во апликација со над 240 локации низ целата земја, поволности за лојалност и програма за упатување. Достапна и на iOS и Android верзии, ги нуди следните предности:

  • инстант исплата со ETH, BTC, BCH и ELI
  • бесплатни трансфери меѓу корисниците на Elipay низ целиот свет
  • историја на баланс и трансакции со fiat еквиваленти
  • универзална програма за лојалност која наградува со 2% tokenback во ELI токени за секое купување
  • различни филтри за локација и можност за зачувување на омилените
  • програма за упатување која им овозможува на корисниците да заработат 5 евра во Биткоин за препорачување на Еlipay на нивните пријатели.

Сепак, постојат и други предности кои тек треба да пристигнат.  Eligma,компанијата која ја разви Elipay, е стартап специјализиран за паметна трговија и блокчејнски решенија, посветени на доведување на крипто во мејнстримот. Наскоро, кредитни и дебитни картички ќе бидат интегрирани во Elipay апликацијата, така што таа исто така може да се користи od купувачите кои користат fiat на нивнитe смартфони. Во ова, предностите на Elipay Universal Loyalty Program ќе играат важна улога како поттик. Со добивањето на tokenback во крипто при секое купување и можност да се потроши во продавници, корисниците на fiat ќе можат да пробаат да пазаруваат со крипто, без да знаат нешто за крипто тргување или крипто воопшто. На овој начин, предностите на блокчејн ќе направат уште еден чекор напред во секојдневниот живот на потрошувачите, истовремено нудејќи безбедност и заштеда на време. Ова е исто така во согласност со членството на Еligma во Blockchain Alliance Europe, основано во Словенија и посветено на унапредување на развојот на блокчејните и на подигање на блокчејн свеста на меѓународно ниво.

Како заклучок, Словенија ги спојува разните уникатни феномени вредни за посета. Освен неверојатните природни и други дестинации, нејзиниот силен технолошки развој, вклучувајќи го и блокчејнот и Bitcoin City™, резултираше со интересна катче во крипто-туристичкиот домен. Досега, концептот на Bitcoin City ™ останува неоспорен како единствен од ваков вид во светот во однос на концентрацијата на офлајн продавници кои прифаќаат крипто. Поради својата сигурност и непроменливост, блокчејнот сигурно може да се смета како технологија на иднината во повеќе домени вклучувајќи го и шопингот. Со нивната едноставност за користење, блокчејните решенија можат да создадат уникатни комерцијални решенија и интересни трендови и за сегашните и за идните генерации. Се гледаме во Словенија!

Leave a comment