Следната генерација на дебитни картички може да го поедностави животот на крипто корисниците

Следната генерација на услуги како Bitwala и Wirex ветуваат драматично да го поедностават животот на активните корисници на биткоин. Bitwala ќе биде достапен наскоро, a Wirex е достапен сега низ Европа.

Ја користев BitStamp платформата за размена со години, и нивните услуги најмногу ме задоволуваа. Но, со еден исклучок. Во април добив емаил кој гласеше:

“Би сакале да ве известиме дека ја прекинуваме нашата услуга за дебитни картички. За жал, Bitstamp повеќе нема да ја поддржува оваа функција. Веќе некое време не издаваме нови дебитни картички и полека ја укинуваме целата услуга.”

Ова беше многу вознемирувачко затоа што бев навикнат да продавам биткоин преку Bitstamp и да ги внесувам приносите директно на дебитната картичка. Процесот беше разумно брз и картичката (MasterCard издадена од Intercash) беше прифатена насекаде.

Побарав алтернативни решенија и сфатив дека постојат две алтернативи кои изгледаа посериозни – Bitwala и Wirex – се уште не беа достапни за европските потрошувачи, но “пристигаат наскоро”.

Bitwala се уште не е достапна, но во постот објавен завчера на нивниот веб- сајт се вели: “Ние набрзо се приближуваме кон нашиот датум на отпочнување на новото блокчејн банкарско искуство во Bitwala.”

Wirex картичките се сега достапни во Европа. Во мај, компанијата имаше објавено дека во Wirex картичката е сега достапна за жителите на Европската економска област (EEA), која ги вклучува Европската Унија (EU) и Европската асоцијација за слободна трговија.

Wirex, со седиште во Лондон, сака да ја изгради “најдобрата персонална финансиска платформа за криптовалути во Сончевиот систем”. Според компанијата, Wirex користи најсовремените карактеристики на криптовалентност, традиционалните девизни сметки и гобално прифатените дебитни картички.

На хартија, Wirex изгледа дека може драматично да го поедностави животот на корисниците на биткоин како што сум јас, кои не губат време туку го користат биткоинот за да платат сметки и да стават храна на масата. Wirex нуди биткоин wallet, вградена мини платформа за размена, можност за задржување на средства во крипто и fiat (USD, GBR и EUR) и дебитна картичка која може да биде наполнета со биткоин. Па така отворив профил на Wirex.

Се разбира, клиентите мораат да поминат низ целата таа KYC глупост на која инсистираат властите. “Пред да може да ја добиете вашата картичка, ќе треба да ја потврдите вашата Wirex сметка”, вели веб-сајтот на Wirex. “Кликнете тука за да се најавите и да завршите неколку едноставни чекори за верификација. Подгответе ја вашата слика за идентификација – ќе бидат потребни само неколку минути.”

Процесот навистина траеше само неколку минути. По отворањето на мојата Wirex сметка, ја преземав апликацијата за iPhone, го комплетирав мојот профил, го потврдив мојот телефонски број и започна процесот на верификација на идентитетот и адресата. Си го сликав пасошот, селфи, и слика од документот (кој мислам дека) е валиден доказ за мојата адреса на живеење.

Докажувањето на адресата беше малку проблематично: се што правам е онлајн и затоа не добивам сметки за комунални услуги и банкарски изјави во хартиена форма, што е доказ препорачан од Wirex. Првиот алтернативен доказ за адреса што го понудив беше одбиен.

5 ѕвезди за поддршката на корисници на Wirex

Но, поддршката на Wirex беше достапна и ефикасна, и на крајот мојата сметка беше потврдена со комбинација на документи. Моето прво искуство со поддршката на корисници на Wirex беше многу позитивно и им дадов 5 ѕвезди. Разговарав со други корисници, кои исто така беа позитивно импресионирани од поддршката.

Иако на веб-сајтот се вели дека доказот за адреса треба да биде на англиски јазик, поддршката појасни дека мора да биде со латинични букви, но не мора да биде на англиски јазик. Всушност, тие ги прифатија моите документи на друг јазик.

По добивањето на моите заверени идентитет и адреса, нарачав Wirex дебитна картичка, која можам да ја полнам со биткоин. Со нетрпение очекувам да известувам за искуството со мојата Wirex картичка во следните постови. Во меѓувреме, можам да ја користам апликацијата Wirex како биткоин wallet.

 

Leave a comment