Следете ги покачувањата на крипто цените со Cryptowat.ch

Крипто пазарите се во подем овој викенд и на трговците им се потребни адекватни и навремени информации за цените и трендовите. Cryptowat.ch е онлајн платформа која обезбедува податоци за пазарот во реално време и е мошне прилагодлива за да одговара на потребите на различни инвеститори.

Онлајн платформа нуди крипто податоци и графикони

На веб-сајтот се обезбедени и бројки и графикони за стотици криптовалути. Ги собира податоците од повеќе берзи и постојано ги апдејтира. По дифолт, цените на дигиталните средства се прикажани во американски долари, но ако претпочитате друга валута може да смените во евра, британска фунта, јапонски јен, кинески јуани, корејски вонови, BTC или tether (USDT). Графиконите исто така може да се прилагодуваат според десетина теми достапни во Settings менито.

Cryptowat.ch нуди многу опции за сортирање и филтрирање. Криптовалутите може да бидат наведени по волумен, промена на цената или по азбучен ред. Различни временски периоди – дневно, неделно, месечно, годишно или 2-годишно – може да се постават за било која од криптовалутите следени од платформата. Cryptowat.ch, исто така, има страница која ги истражува корелациите помеѓу дигиталните средства. Промените на цените се споредуваат во табела со позитивни, негативни или неутрални варијабилности.

Тракерот има уште една корисна карактеристика – Portfolio View. Тоа им овозможува на корисниците да управуваат со нивните крипто средства низ повеќе трговски платформи. За да го направат тоа, тие треба да креираат и да постават акаунт со кој Cryptowat.ch автоматски ќе повлече биланси од берзата што ја користат. Ова ќе им овозможи на трговците можност да ја видат целокупната вредност на портфолиото во реално време, како на десктоп компјутерите, така и на мобилните уреди.

Алтернативен извор на детални податоци за цени и податоци за пазарот е страната Bitcoin Markets, развиена од Bitcoin.com. Со алатката можете да ги пратите вашите омилени дигитални монети и да ги споредите нивните индикатори со големи криптовалути и fiat валути. Исто така, проверете ја Bitcoin Charts страната за графикони кои покажуваат цена, вкупен капитал, трансакции, пари, хаш стапката, големината на блокот, стапката на инфлација и надоместоците за BCH и BTC.

Leave a comment