Скоро 1 милијарда долари украдени во крипто хакирања досега оваа година

Загубите поврзани со крипто хакерските напади и понатаму драстично растат, со што досега се украдени скоро една милијарда долари, покажува оваа нова студија.

Во првите девет месеци од 2018-та година, хакерите украле 927 милиони долари од платформи за размена на криптовалути, според неодамнешниот извештај од блокчејн безбедносната фирма CipherTrace.

Документот, насловен како “Криптовалути против перење пари 2018 Q3”, покажува дека загубите се 3,5 пати повисоки од нивоата забележани во 2017-та година, кои достигнале 266 милиони долари. CipherTrace проценува дека вкупната бројка ќе достигне над 1 милијарда долари до крајот на 2018-та година.

Најзначајната кражба за годината 2018-та беше хакерскиот упад во Јапонската платформа за размена Coincheck, од која беа украдени криптовалути во вредност од 530 милиони долари.

Други големи хакерски напади вклучуваат голем број крипто платформи, како што се Италијанскиот BitGrail (195 милиони долари), Јапонскиот Zaif (околу 60 милиони долари) и Coinrail од Јужна Кореја (над 40 милиони долари) и Bithumb (над 30 милиони долари). Другите видови на бизниси кои беа погодени беа платформата за создавање токени Bancor (23,5 милиони долари) и Geth, клиент на ethereum (над 20 милиони долари).

Додека најголемите напади доминираа во насловите, во извештајот се наведува и постојано растечки “помали” кражби во опсегот од 20 милиони долари – 60 милиони долари, во износ од 166 милиони долари од вториот квартален извештај.

Во извештајот се наведува:

“Овие податоци покажуваат шема на помали кражби на редовна основа и софистицирани професионални сајбер крадци кои извршуваат хакерски напади на ниво на крипто берзите и на ниво на платформи, искористувајќи ги изложените ранливости, како и од социјално инженерските работници кои работат во овие компании.”

Некои други хакирања, како што се кражбите на идентитет во CoinHoarder, проценети на 50 милиони долари, беа исклучени од извештајот, изјавија CipherTrace, додавајќи дека ќе ги вклучат во годишниот извештај од 2018-та година ако бројките може да бидат потврдени. Фирмата, исто така, изјави дека е свесна за хакерски напад од над 60 милиони долари, што не е објавен се уште јавно.

CipherTrace понатаму открива дека 97 отсто од директните биткоински плаќања од криминалци отишле на платформи за размена во земји со слаби закони за спречување на перење пари (AML) и дека платформите испрале значителен износ на биткоин, во вкупна вредност од 380.000 BTC или 2,5 милијарди долари по тековни цени.

Некои влади од целиот свет презедоа построги мерки за спречување на кражбите, се вели во извештајот, додека многу други влади се очекува да дојдат до построги закони за регулирање на криптовалутите до крајот на оваа година.

Дејв Џеванс, извршниот директор на CipherTrace, изјави во соопштението за печатот:

“Различни земји се натпреваруваат со регулативите и се обидуваат да станат “доверливи” центри за дигитални валути, со цел да ги развијат своите економии. Ќе ги видиме можностите за перење на криптовалути во голема мера намалени во наредните 18 месеци, бидејќи законите на AML за криптовалути се шират низ целиот свет.”

Претходно денеска на некои портали се објави дека Tech Bureau, фирмата зад Zaif, откри нов план за надомест на корисниците по големиот хакерски напад минатиот месец, кој ќе биде превземен од друга платформа за размена на крипто.

Исто така, тимот на Bancor успеа да го блокира трансферот од 2,5 милиони од своите BNT токени (во вредност од околу 10 милиони долари), со што неговата вкупна загуба се намали на 13,5 милиони долари.

Leave a comment