Скандинавците сега можат да купат криптовалути преку мобилниот пребарувач Opera

Opera Ltd (NASDAQ: OPRA), компанија со седиште во Норвешка, зад веб пребарувачот што го користат над 320 милиони луѓе, сега им овозможува на корисниците да купат криптовалути директно од нивната мобилна апликација. Оваа услуга се прво се изведува во Скандинавија заради локалното партнерство.

Купување крипто на Opera за Андроид

Норвешкиот оператор на пребарувачот Opera објави дека неговиот мобилен преварувач, Opera за Android, ќе им овозможи на корисниците да купуваат криптовалути директно на нивните смартфони. Апликацијата сега има опција за дополнување на дигитален паричник преку интеграција со Шведскиот онлајн крипто брокер Safello. Функцијата прво беше претставена во Скандинавија и изјавија дека е веќе достапна во Шведска, Норвешка и Данска.

“Сметаме дека следната важна фаза за крипто ќе дојде од неговото користење и дека за да се постигне пошироко усвојување, тоа треба да биде лесно да се купи и да биде лесно за користење”, изјави Чарлс Хамел, надлежниот за крипто производи во Opera. “Ние веруваме дека пребарувачот ќе биде влезната точка за овие случаи на употреба. Благодарение на нашето партнерство со Safello, преземаме уште еден чекор кон оваа визија.”

Крипто на дофат

Основана во 2013-та година во Шведска, Safello е регулирана како финансиска институција и е регистрирана во Управата за финансиски надзор на Шведска. Решението вклучува проверка на идентитетот на корисниците користејќи ги Norid’s Bankid и Danish Nemid услугите. Онлајн посредувањето се фокусира на брзината и леснотијата на користење, ветувајќи дека процесот на купување криптовалути со Safello трае помалку од една минута. Корисниците исто така имаат можност да вршат плаќања со кредитни и дебитни картички и трансфери преку локални платежни мрежи, како Swish во Шведска.

Френк Шил, извршен директор на Safello, изјави: “Со посредство на Safello брокер на мобилниот пребарувач Opera на оперативниот систем за Андроид, и новите и искусни корисници сега можат лесно да ги користат криптовалутите на најсигурниот и најбрз можен начин. Функционалноста за купување на крипто е на дофат на нивните прсти.”

За да ја тестиратаат новата функција на крипто патентот во Opera за Android, корисниците во Шведска, Норвешка и Данска можат да ја преземат апликацијата од Google Play Store.

Leave a comment