Сингапур: Големо претпријатие за eл.енергија започна со блокчејн пазар за соларна енергија

SP Group, главна корпорација која обезбедува пренос на електрична енергија и гас во Сингапур, започна со блокчејн пазар за обновливи извори на енергија, објави компанијата во соопштението за печатот во понеделникот, 29-ти октомври.

Платформата беше претставена на ASEAN Energy Business Forum што се одржа во Сингапур оваа недела. Во соопштението се вели дека SP Group планира да користи блокчеjn за да и помогне на компанијата да ја зголеми транспарентноста и ефикасноста. Семјуел Тан, шефот на дигитална служба  на корпорацијата, дополнително објасни:

“Преку блокчејн технологијата, ние им овозможуваме на компаниите поволно да тргуваат со сертификатите за обновлива енергија, беспрекорно и сигурно, помагајќи им да постигнат поеколошки бизнис операции и да ги исполнат своите цели за одржливост.”

Пазарот ќе ги поддржи локалните и меѓународните RECs – документи кои служат како доказ дека одредена количина на електрична енергија е произведена од соларни батерии. Првите договори веќе се потпишани со глобалниот инвеститор на недвижнини CDL и мултинационалната банкарска корпорација DBS Bank. Три продавачи на соларна енергија – Cleantech Solar Asia, LYS Energy Solutions и Katoen Natie Singapore – исто така се приклучуваат на пазарот.

Сингапур не е нов во енергетските блокчејн решенија. Беа најавени планови за децентрализирана peer-to-peer електрична мрежа поддржана од SkyLedger. Платформата, наводно, ќе им овозможи на граѓаните да произведуваат и да тргуваат со обновлива енергија.

Децентрализирани платформи се широко користени за поддршка на производството и трговијата со соларна енергија. во февруари, Aмериканската држава Њујорк го разви Microgrid проектот за домаќинствата кои сакаат да купат и продадат електрична енергија произведена од соларни панели. И во септември, Aвстралискиот гигант за недвижнини Vicinity објави дека ќе пробува блокчејни решенија во рамките на својата програма за сончева енергија вредна 75 милиони долари, тестирајќи ја за снабдување на трговски центар со обновлива енергија.

Leave a comment