Се повеќе нафтени гиганти се приклучуваат на блокчејн платформата Vakt за енергетски стоковни тргувања

Chevron, една од најголемите Aмерикански мултинационални енергетски корпорации, и две други големи енергетски компании се приклучија на Vakt, блокчејн платформа за енергетски стоки со седиште во Велика Британија, објави Reuters на 16-ти јануари.

Заедно со Chevron, Total, една од водечките Француски мултинационални интегрирани компании за нафта и гас и еден големИиндиски рафинер Reliance Industries, станаа членови на Vakt платформата.

Написот нагласува дека договорот е чекор кон побрзи и побезбедни логистички операции. Платформата Vakt, поддржана од Quorum блокчејн технологијата на JPMorgan, има за цел да стане дигитална трансакциска платформа која ќе го трансформира нафтениот бизнис во светот.

Томас Вејмел, шеф на трговија и превоз на Total, нагласи во изјавата:

“Total ги поддржува индустриските иницијативи за дигитализирање на пост-трговските карго процеси подолго време.”

На крајот од минатата есен, водечките светски нафтени компании, како што се BP, Shell и Equinor, се согласија да се обединат со големите банки и трговски куќи за да ја воспостават блокчејн платформата Vakt за трговија со енергенси, како што објавија медиумите на 12-ти ноември.

Подоцна во ноември, беа објавени првите корисници на Vakt, меѓу кои и претходно споменатите BP, Equinor, Shell, Gunvor и Mercuria, беше известено на 29-ти ноември.

Во септември минатата година, една друга платформа базирана на блокчејн за финансирање на артикли за тргување беше најавена од група големи банки и играчи во индустријата, вклучително и Shell.

Leave a comment