Седум земји-членки на ЕУ потпишаа Декларација за промовирање на употребата на блокчејн

Седум јужни земји-членки на Европската унија објавија Декларација со повик за помош во промовирањето на користењето на Дистрибуираната технологија (DLT) во регионот, објави Financial Times (FT) на 4-ти декември.

Декларацијата, наводно, беше иницирана од Малта и потпишана од шест други земји-членки, Франција, Италија, Кипар, Португалија, Шпанија и Грција, за време на состанокот на министрите за транспорт на ЕУ во вторникот во Брисел.

Владите учеснички објаснија дека DLT – еден вид на блокчејн – може да биде “game changer” за јужните економии на ЕУ.

Имено, документот ги наведува “образованието, транспортот, мобилноста, превозот, катастар, царина, регистар на компании и здравствена заштита” како услуги што може да се “трансформираат” со оваа технологија. Групата, исто така, наведува дека употребата на блокчејн технологијата е корисна за заштита на приватноста на граѓаните и поефикасно извршување на бирократските процедури.

Во извештајот понатаму се забележува дека оваа технологија има потенцијал надвор од дигиталните владини услуги:

“Ова може да резултира не само во подобрувањето на услугите на е-влада, туку и во зголемената транспарентност и намалените административни оптоварувања, подобра наплата на царината и подобар пристап до информации од јавен карактер”.

Во средината на ноември, член на Извршниот одбор на Европската централна банка, Бено Коуре, изјави дека смета дека Биткоин е “произлезено зло од финансиската криза во 2008-ма”.

Исто така во ноември, банкарските групи BBVA и Banco Santander се приклучија на Меѓународната асоцијација на ЕУ за доверливи блокчејн апликации (IATBA). Самата асоцијација треба да започне во првиот квартал на 2019-та и има за цел да развие блокчејн инфраструктура и стандарди.

Leave a comment