Сега можете да купувате со Биткоин на Аmazon со користење на Lightning

Корисниците на Биткоин сега можат да ја користат lightning мрежтаа за да купуваат на сајтови за е-трговија како Amazon.

Стартапот за процесирање на крипто плаќања наречен Moon, денес објави дека секој lightning паричник сега може да се користи и преку екстензијата на пребарувачот на Moon. Пред оваа feature функција, околу 250 бета корисници веќе го користеа Moon за да трошат крипто на веб-страниците за е-трговија преку поврзување на екстензијата на пребарувачот кон нивните акаунти на берзи како Coinbase.

Извршниот директор на Moon, Кен Кругер изјави:

“Екстензијата ќе појави QR-код и ќе ја има lightning -фактурата, која исто така може да ја copy-paste ако не можете да го користите QR-кодот од некоја причина, и вие ќе можете да платите со вашиот омилен lightning паричник.”

За да биде јасно, Amazon никогаш не го допира биткоинот. Кругер одби да специфицира кои традиционални финансиски институции помагаат да го претворат биткоин во fiat на backend со што трговците на Amazon всушност ќе добијат fiat валута за своите производи. Сепак, Кругер додаде дека до 2020-та година всушност  lightning функцијата треба да работи на речиси секој сајт за е-трговија, без оглед дали таа платформа директно го прифаќа биткоин.

“Нема директна интеграција со трговецот”, изјави Кругер, појаснувајќи дека Moon, исто така, управува со каналите за плаќање и едноставно нуди едноставен интерфејс за испраќање на плаќањата.

“Ние се интегрираме со мрежите на Visa и Mastercard и добиваме намалување на надоместоците за размена кои трговците ги плаќаат секојпат кога ќе добијат трансакција со кредитна картичка”, изјави тој.

Како изгледа екстензијата на Moon при плаќањето

Навраќајќи се назад, Moon е основан во Њујорк минатата година со персонал од три лица со само 100.000 долари инвестирани од страна на Entrepreneurs Roundtable Accelerator. Управниот директор на акцелераторот, Мурат Актиханоглу, изјави дека Moon е еден од “силните” крипто бизниси со профитабилен потенцијал во текот на следните пет години.

“Ние инвестиравме во Moon како долгорочна портфолио компанија”, изјави Aktihanoglu.

Во меѓувреме, Кругер изјави дека неговиот стартап бара да собере Series A во 2019-та година и да продолжи да учи од однесувањето на корисниците.

“Има многу можности да помогнеме во решавањето на некои од оние проблеми со употребливоста и привлекувањето на луѓето кон lightning мрежата, зголемувајќи го усвојувањето на тој начин”, рече Кругер. “Ќе се ангажираме со други луѓе во lightning заедницата за да видиме што прават луѓето, што работат и дали има значителни пропусти. Ние би сакале да помогнеме секогаш кога е можно”.

Leave a comment