Сега кога биткоин е дигитално злато, кој крипто е за плаќања?

Уште од пост-априлскиот bull крипто пазар, Биткоин постепено го консолидира својот статус како складиште за вредност. Ова беше потврдено на 11-ти јули, кога претседателот на Федералните резерви Џером Пауел изјави за банкарскиот комитет на Сенатот на САД дека инвеститорите ја користат криптовалутата „како алтернатива на златото“.

„Тоа е складиште за вредност, шпекулативно складиште за вредност, како злато“, додаде тој, давајќи дополнителна тежина на теоријата дека релативниот недостаток на корелација на Биткоин со другите средства го прави безбедно засолниште. Но, под претпоставка дека оваа теорија е во голема мера точна, треба да се праша дали другите криптовалути сега се супериорни како начини на плаќање.

Па, иако е точно дека другите криптовалути можат да направат повеќе трансакции во секунда и честопати се поевтини за употреба, исто така е спорно дека почестото користење на Биткоин како складиште на вредност го прави посоодветен како средство за плаќање. Покрај тоа, неговата децентрализирана мрежа е сè уште најголема и најбезбедна. Сепак, новите монети како што е Libra на Facebook може да претставуваат предизвик за потенцијалната доминација на Биткоин.

Долготрајната дебата околу скалабилноста

И покрај неодамнешниот напредок, Биткоин сè уште не доживеал масовен скок во неговото усвојување како вистинска валута. Да, усвојувањето на SegWit постојано се зголемува на околу 35% во текот на изминатите неколку години, но дури и со зголемување од 100%, капацитетот на Биткоин би останал само дел од тој на Visa, на пример.

Во исто време, многу зборената Lightning Network сè уште има долг пат до распоредувањето како целосно корисно решение за скалирање. И како што раскажува Глен Гудман, авторот на The Crypto Trader, ова може да и наштети на корисноста на Биткоин како средство за плаќање.

„Крипто за секојдневни плаќања треба да биде масовно скалабилно и приспособливо, овозможувајќи илјадници плаќања во секунда“, вели тој. „Мора да биде едноставно за употреба и да се овозможат брзи, ефтини, безбедни плаќања со заштита од измама“.

Веројатно, Биткоин не одговара на тој опис во овој момент, со други криптовалути кои покажуваат поголема приспособливост, брзина и економичност. На пример, XRP, Dash и Bitcoin Cash сите во моментов обезбедуваат побрз проток.

 Други токени како Dash и Bitcoin Cash се сведоци на постојан раст во стапките на усвојување од трговците. Dash во јануари објави дека има скоро 4.700 трговци на мало низ целиот свет кои ја прифатиле валутата, додека нешто над 4500 трговци прифаќаат altcoins како што се XRP, Етер и Bitcoin Cash само преку CoinGate. Како што изјави Coingate за медиумите на почетокот од оваа година, додека најпопуларната опција за плаќање е сè уште Биткоин, други криптовалути како Litecoin, Ether и XRP го зголемуваат својот удел.

И на крајот на 2017-та година, нешто повеќе од 500 трговци прифатиле Dash, што укажува на раст од околу 840%. Спротивно на тоа, податоците од Coinmap откриваат дека нешто повеќе од 14000 трговци, регистрирани на оваа веб-страница, го прифатиле Биткоин на 1-ви јануари оваа година, што претставува раст од 25% од цифрата на претходната година која изнесува 11200. Заклучно со 13-ти август, во нивната база на податоци се регистрирани 15257 места:

Stablecoins и Libra

Исто така, треба да се разгледа и растот на stablecoins. Како што објаснува Дејвид Голд – извршниот директор на фирмата за интероперабилност на блокчејн Dapix, објаснува дека тие веќе имаат очигледна предност затоа што имаат постојана вредност, нешто што ќе ги привлече мејнстрим корисниците кои бараат сигурен начин за онлајн плаќање на предмети.

Биткоин можеби ќе може да постигне побрзи трансакции и пониски такси со помош на двослојни решенија како што е Lightning Network, изјави тој, но ќе биде тешко да се создаде пораширена перцепција за неговата стабилност. „Значи, stablecoins се најверојатно оние што ќе се појават како победници во трговијата“.

Глен Гудман се сомнева дека ќе се појави нов stablecoin како предводник во трката да стане најпопуларна монета за секојдневни трансакции.

„Криптовалутите се релативно млади и нивните цени сè уште не се смириле, па затоа stablecoins се веројатно најдобрата опција за блиска иднина“, вели тој. „Facebook веќе има ненадмината глобална мрежа врз која може да ја искористи својата stablecoin наречена Libra“.

Гудман признава дека сè уште постои големо прашање дали „регулаторите и централните банки ќе дозволат да се лансира Libra“, и претпоставувајќи дека не го сторат тоа, другите алтернативи би можеле да излезат на површина.

Дали Биткоин е сè уште кралот?

Се разбира, Libra сè уште не е лансирана. Слично на тоа, додека голем број криптовалути кои не се стабилни се супериорни во однос на приспособливост, ниту една не е постабилна како складиште за вредност од Биткоин, што како резултат е веројатно најдобрата криптовалута за плаќања.

„Транзицијата од складиште на вредност во валута е нешто што се случило претходно и многу добро може да се случи повторно со Биткоин“, објаснува Дејвид Голд.

„И ако нестабилноста како процент од нејзината вредност се намали со тек на време, желбата да се одржи како инвестиција нема да биде толку голема, така луѓето ќе бидат поотворени за користење на истата во трговијата“.

Нестабилноста на Биткоин е веќе пониска во однос на многу други криптовалути, со оглед на тоа што изгуби „само“ 80% од своите 19000 USD во текот на 2018-та година, во споредба со 90% за Eтереум, на пример. Додадено на ова, сè уште е прифатен од најголем број трговци и најчесто се користи во трансакции, додека неговата скалабилност постепено се подобрува.

Leave a comment