Сега биткоин може да се купи во некои продавници за храна во САД

Крипто љубопитните наскоро ќе можат да добијат биткоин додека купуваат намирници.

Компанијата Coinme за биткоин банкомати соработува со coins-to-cash конвертор Coinstar за да им овозможи купување биткоини преку киосци на Coinstar во повеќе држави во САД, објавија компаниите во четвртокот.

По лансирањето, само купувачите на одредени продавници на Safeway или Albertsons во државата Калифорнија, Тексас и Вашингтон ќе можат да купат биткоин преку киосци, иако има “планови за продолжување на оваа понуда на дополнителни американски пазари и трговци по успешното лансирање” соопштија медиумите.

Ко-основачот и извршен директор на Coinme, Нил Берквист, изјави дека новото партнерство ќе им обезбеди на корисниците “поволен и лесен начин да купат биткоин”, додека го водат нивниот секојдневен живот.

Ова за возврат треба да им олесни на корисниците да “учествуваат во оваа динамична нова економија”, додаде тој.

Во посебна изјава, извршниот директор на Coinstar, Џим Гахерити, исто така, ја истакна очекуваната леснотија со која потрошувачите ќе можат да купат биткоин, велејќи:

“Coinstar секогаш бара нови начини да им понуди вредност на нашите потрошувачи кога ги посетуваат нашите киосци, а иновативниот механизам за испорака на Coinme, заедно со флексибилната платформа на Coinstar, им овозможува на потрошувачите лесно да го купат биткоин со пари.”

Монетите (металниот вид) не се прифатени

Иако Coinstar киосци се првенствено познати за конвертирање на монети во готовина, подароци од Amazon или други еквивалентни салда, во медиумите во четвртокот се истакнува дека во моментот “монетите не можат да се користат за биткоин трансакции”.

Киосците ќе ги прифаќаат само американските долари, со ограничување од 2.500 долари.

За купување биткоин, корисниците ќе мора да го внесат нивниот телефонски број во киоскот и своите сметки.

Тие потоа ќе добијат код, кој клиентот ќе може да го искористи за да го откупи биткоин преку креирање на акаунт на Coinme онлајн.

Leave a comment