Сајт со лажни вести промовира Биткоин со слика од поранешниот премиер на Нов Зеланд

Наводниот лажен веб-сајт објави статија поврзана со крипто користејќи го имиџот на поранешниот премиер на Нов Зеланд, Џон Ки, објави локалниот медиумски магазин Stuff  на 5-ти јануари.

Рекламата, наводно, го промовираше Биткоин и компанијата наречена “Crypto Revolt”, која е всушност измамнички веб-сајт. Во написот понатаму се објаснува дека огласот имитира бизнис вести од веб-сајтот на Stuff и “настојува да го интервјуира Џон Ки за неговиот ентузијазам за Биткоин”.

Покрај тоа, на местото на логото “Stuff” постои логото “NZ Times”, а сите линкови, наводно, довеле до веб-сајтот на Crypto Revolt. Изворот кој наиде на рекламата сугерираше дека веб адресата е сомнителна и дека самата компанија можела да биде хакирана.

Како што Cointelegraph објави во декември 2017-та година, Ки ги негираше гласините што циркулираа дека инвестирал во Биткоин. Тврдењето дека Kи е инвеститор на Биткоин, наводно, потекнува од друга веб-страница за лажни вести, линкот кој се ширеше преку социјалните медиуми.

Полицијата на Нов Зеланд, исто така, предупреди за онлајн измами во септември, откако инвеститор во криптовалути изгуби 213,000 американски долари поради измама. Во ноември, Управата за финансиски пазари на Нов Зеланд (FMA), исто така, додаде три веб-страници поврзани со крипто на својата црната листа на онлајн измами, а уште три беа додадени на листата во декември.

Leave a comment