Санкции го погодија Иран “рајот” за биткоин фармањето

Иранските власти се борат со зголемувањето на бројот на граѓани кои се осврнуваат кон биткоин фармањето и го користат како средство за справување со осакатената економија поради санкциите.

Иранскиот министер за информатичка и комуникациска технологија, Мохамед Џавад Азари Јахроми, изјави за Associated Press (AP) дека земјата стана “рај за фармачите”, според извештајот од 18-ти јули. Тој истакна:

“Деловната активност на “фармањето” не е забранета со закон, но владата и Централната банка им наредија на Царинската управа да го забрани увозот на [фармачки машини] сé додека не се воведат нови прописи”.

Слабата економија го поттикнува производството и употребата на криптовалути

Во пресрет на засилените санкции предводени од САД, Техеран сега се соочува со спектар на хиперинфлација. Приходите од извозот на нафта се зголемени за речиси 90%, откриваат нови податоци, невработеноста се движи близу до 20%, а милиони работат под националната просечна плата.

Како што се вели во извештајот на AP, субвенционираните цени на електрична енергија – моментално изнесуваат половина цент за киловат – поттикнале просперитетна крипто-фармачка заедница, иако тоа сега веќе ќе се промени. Полициските рации на крипто фармите се емитуваат на телевизија за да ги дестимулираат граѓаните, а Иранскиот Синдикат за електрична индустрија ја откри својата намера да ги зголеми цените на електричната енергија до 7 центи за киловат.

Покрај фармањето, криптовалутите направија стигнаа до медиумските наслови поради загриженоста на властите дека локалните жители би можеле да ги искористат за брзо да го претворат деволвирачкиот риал во други валути.

Во 2018-та година, шефот на економската комисија на Иранскиот парламент, Мохамад Реза Пур-Ебрахими, откри дека околу 2,5 милијарди американски долари биле пренасочени од Иран преку крипто – сепак, проблемот уште не е објавен јавно.

Дури и кога САД, се обидува да го оконча фармањето и употребата на крипто за Иранците да не можат да ги заобиколат санкциите, локалните власти ја игнорираа нивната системска важност. Јахроми забележа:

“Сајбервалутите се ефикасни во заобиколување на санкциите кога станува збор за мали трансакции, но ние не гледаме никакво посебно влијание во нив што се однесува до мега-трансакциите. Не можеме да ги искористиме за да ги надминеме меѓународните монетарни механизми”.

Дали биткоин е халал или харам?

Криптовалутите дури го привлекоа вниманието на ајатоласите, со конзервативниот весник Tabnak цитирајќи три мислења на теолозите дека Биткоин е или проблематичен или дефинитивно забранет – харам – според исламскиот закон. Сепак, прашањето останува отворено за дебата, бидејќи Јахроми забележа:

“Некои од нашите врвни свештеници издадоа фетви кои велат дека Биткоин е пари без резерва, дека тој е одбиен од исламот и дека сајбервалутите се харам. Кога им објаснуваме дека ова не е валута, туку средство, тие тогаш се предомислуваат”.

Како што објавија, Иранските власти ги зголемија своите акции против крипто фармањето во текот на ова лето, конфискувајќи ~ 1000 единици на машини за фармање од две сега непостоечки фабрики и ја прекинаа доставата на електрична енергија за фармачите пред планираното зголемување на цената на енергијата. Некои фармачи, наводно, наоѓаат засолниште во џамиите, на кои што владата им дава бесплатна електрична енергија.

Leave a comment