Самопрогласен хакер на Binance предупредува: Доаѓа нов бран на протекување на податоци

Хакерот што стои зад наводно украдените кориснички податоци, од крипто берзата Binance се подготвува да објави дополнителни материјали.

Хакерот „се загрева“ за објавувањето на нови податоци

Во серија твитови на 16-ти август, Twitter акаунтот, познат како Bnatov Platon, објави преглед на записите на Binance за Know-Your-Customer (KYC) , кои се наводно, во негова сопственост.

„Загревање“, се вели во придружниот коментар.

Додека не беше дадена временска рамка за нивно потенцијално објавување, хакерот вклучуваше записи на разговори за Telegram, вклучително и со корисник опишан како член на тимот за кориснички услуги на Binance.

Се чини дека друг покажал обид да го измами хакерот да посети опасна адреса на веб-страница, под маска на адреса што содржи свежи KYC податоци на Binance.

Нема докази дека се добиени KYC-слики од Binance

Настаните произлегуваат од наводните гласини за хакерски напад на почетокот на овој месец. Како што во тоа време објавија медиумите, Binance негирал какво било компромитирање на податоците на своите корисници, тврдејќи дека субјектот кој стои зад наводната кражба лаже.

Додека истрагите се во тек, ниту еден официјален претставник од берзата официјално не даде изјава за било што поврзано околу ова.

„Во моментот, не се доставени никакви докази што укажуваат дека се добиени KYC слики од Binance, бидејќи сликите објавени од Twitter корисникот не го содржат дигиталниот watermark од нашиот систем“, се вели во соопштението објавено на 7-ми август.

Берзата исто така забележа дека сликите се чини дека датираат од февруари 2018-та година кога Binance имал договор со давател на KYC услуги кој требал да се справи со големиот обем на барања во тоа време.

Leave a comment