САД: Четири платформи за крипто-размена воспоставија саморегулаторна асоцијација за индустријата со дигитални производи

Платформите за крипто-размена Gemini, Bitstamp, Bittrex и BitFlyer од САД го објавија создавањето на саморегулаторна организација за дигитални производи, како што се криптовалутите, објави Business Insider на 20-ти август.

Новата група, наречена “Virtual Commodity Association Working Group”, има за цел да им помогне на големите инвеститори да бидат поудобни на крипто-пазарот, да работат на формулирање на индустриски стандарди и “да бидат претходници на формирањето на саморегулаторна организација за дигитални стоки како Биткоин и Ethereum”, пишува Business Insider.

Првиот состанок на новосоздадената асоцијација треба да се одржи во септември оваа година. Business Insider го цитира својот извор како објаснување за видовите проблеми за кои групата сака да помогне во нивното решавање:

“Платформите имаат своја организација за да изнајдат заеднички стандарди и заеднички да одговорат на декларации од страна на регулаторите. Новата група би можела да служи како еквивалент за крипто-светот, при што ќе смисли најдобри практики за индустријата, разгледувајќи ги начините за зголемување на ликвидноста и сузбивање на манипулации на пазарот.”

Здружението е основано од четири американски платформи за размена на криптовалути: BitFlyer, Gemini, кој беше формиран во 2014-та година од страна на браќата Winklevoss, Bitstamp,  платформата и дигитален wallet Bittrex.

Во меѓувреме, една од најголемите американски крипто-платформи за размена, Coinbase не е дел од групата и одби да коментира за иницијативата, тврди Business Insider.

Претходно ова лето, близнаците Winklevoss добија патент за систем на производи со кои се тргуваше со хартии од вредност (ETP), кои би можеле да имаат “дигитални средства” и “други производи и / или услуги поврзани со ЕТP дигитални средства”.

Оваа пролет 2018-та година, платформата за крипто размена Gemini го објави своето партнерство со Nasdaq за следење на пазарите и ублажување на последиците од пазарната манипулација.

Leave a comment