Руски производители сакаат да продаваат оружје “користејќи Биткоин или Stablecoins”

Soyuzmash, производители на Руски воени и цивилни автомобили, сака централната банка на земјата да им дозволи да прифаќаат крипто плаќања во меѓународните договори за оружје – како обид да ги заобиколат санкциите. Предлогот на Soyuzmash ја има поддршката на парламентарната комисија за одбрана.

Централната банка останува со одбранбен став околу криптовалутите, а нејзиниот шеф, Елвира Набиулина, е познат скептик за сите работи поврзани со криптовалути.

Медиумскиот магазин Finanz.Ru го цитира заменик-претседателот на Soyuzmash, Владимир Гутенев, во кој се наведува дека тој “лично разговарал” за предлогот за криптовалутите со Набиулина.

Во изјавата на медиумот се вели дека Soyuzmash би сакал да им понуди на потенцијалните купувачи на оружје да платат за оружје и воена опрема користејќи популарни криптовалути како биткоин (BTC) – но е подготвен да ги разгледа и другите блокчејн алтернативи, ако преферира Централната банка.

Гутенев изјави дека “stablecoins, особено оние што се засновани на вредни материјали како злато”, би можеле да бидат изводлива алтернатива на Биткоин плаќања.

Потпретседателот на Soyuzmash истакна дека меѓународната трговија со оружје е тешко погодена од санкциите на САД, со некои плаќања одложени “со месеци”, а трансакциите “стануваат многу отежнети”.

Продажбата со дигитални токени, изјави Гутенев, би можела да им даде одговор на Руските производители на оружје. Тој изјави: “Анонимни трансакции се еден начин да се решат овие проблеми”.

Претходно оваа недела, еден Американски think-tank верува дека земјите како Венецуела, Русија, Иран и Кина имаат “долгорочни” крипто стратегии кои ќе им овозможат да ги избегнат Американските санкции.

Првиот закон е донесен

Парламентот конечно изгласал еден од трите предлог-закони во својот пакет закони што се однесуваат на криптовалутите и дигиталните финансии. Според парламентарниот весник, Думата го одобри законот на 24-ти јуни, со претходно одложување, а извршниот совет го отповика законот на 26-ти јуни.

Законот ќе им овозможи на Русите да соберат средства на crowdfunding платформи, под услов операторите на платформите да бидат поддржани од средства кои изнесуваат најмалку 79200 американски долари. Платформите, исто така, мора да добијат лиценци од Централната банка.

Инвестициите ќе бидат ограничени на годишно ниво од максимум 9500 американски долари по лице на сите платформи во Русија, иако исклучоци ќе бидат регистрирани инвеститори и приватни претприемачи.

Во меѓувреме, Руската влада, Централната банка и регулаторните тела се чини дека остануваат поделени околу прашањето за криптовалутите – и политичарите велат дека земјата може да се повлече и да чека да види што другите нации ќе одлучат да направат со дигиталните токени пред да излезат со “крипто-рубљата”.

Според Собранискиот весник, “домашниот еквивалент на Биткоин” не е во тек, и наместо тоа, проектот ќе се одвива “во далечна иднина”.

Весникот ја цитира шефот за политика на Думата Људмила Бокова, коа изјави:

“Мислам дека е најдобро да не го присилиме процесот, туку да ги анализираме искуствата што ги имаат поголемите економии [со криптовалутите]. Ајде да видиме какви регулаторни мерки ќе излезат и какви бенефиции или штети ќе добијат или ќе настанат како резултат.”

Исто така, во Собранискиот весник се цитира адвокатот Дмитриј Захаров, наведувајќи на состанокот дека Русија треба да побрза и да донесе закон за крипто фармање. Адвокатот изјави дека Русија треба да ги искористи своите енергетски вишоци, за да не би можеле другите земји со ефтина моќ да крадат од колачот.

Захаров изјави дека земјата има вишок на енергија во висина од 20 GW и дека енергетските оператори се “исклучително заинтересирани” да им ги дадат на фармачите. Тој изјави дека поголема побарувачка за енергија ќе доведе до пониски цени за потрошувачите – победа за сите вклучени во истото.

Leave a comment