Рускиот социјален медиумски гигант VK ќе лансира своја криптовалута

Најпопуларната платформа за социјални медиуми во Русија, VKontakte (VK), размислува за развивање на сопствена криптовалута, објави локалниот весник RNS на 28-ми март.

Според извештајот, непознат човек запознаен со плановите на компанијата изјави дека проектот вклучува создавање на индивидуални крипто акаунти за сите корисници на платформата. Сепак, написот, исто така, тврди дека фирмата сé уште нема донесено конечна одлука за тоа дали да ја лансира монетата или не.

Според извештајот,  RNS доби презентација од VK која покажува еден од начините на кој корисниците ќе можат да ги добијат токените на фирмата во замена за нивната активност и времето поминато на платформата. Според статијата, монетите заработени на овој начин би можеле да се акумулираат, да се разменуваат помеѓу корисници за стоки и да се конвертираат (веројатно во fiat валути) преку VK Pay.

Според нивната официјална веб-страница, VK Pay е услуга за безготовински парични трансфери, која им овозможува на корисниците на VK да си испраќаат пари едни на други во пораки со кредитна или дебитна картичка. Според RNS, услугата беше лансирана во јуни минатата година.

Според извештајот, VK исто така планира да интегрира ‘tipping’ услуга, така што корисниците ќе можат да ја испратат нарачаната криптовалута на авторите на постовите кои им се допаѓаат.

Компанијата за истражување на пазарот eMarketer предвиде во 2017-та година дека VK ќе надмине 42 милиони корисници во Русија пред 2018-та година. Освен што е една од топ платформите за социјални медиуми, VK моментално е рангирана како трети најпопуларен веб-сајт во Русија, според Аlexa.

Во меѓувреме, основачот на VK е Павел Дуров, кој исто така е ко-основач на услугата Telegram која се фокусира околу приватноста, популарна во редовите на крипто ентузијастите.

Во февруари, се ширеа гласини дека Telegram треба да лансира своја сопствена блокчејна мрежа, ТОN, до октомври оваа година за да не ги уништи своите токен-договори. Претходно, компанијата планира да одржи јавна ICO, но се премисли по добивањето на 1,7 милијарди долари – во своите две приватни токен продажби.

Исто така во февруари, во една статија на New York Times се тврдеше дека Facebook “се надева дека ќе успее таму каде што биткоин не успеал “, со својот таинствен крипто проект.

Leave a comment