Рускиот претседател Путин и нареди на Владата да ја усвои крипто регулативата до јули 2019-та година

Рускиот претседател Владимир Путин издаде уште еден краен рок за владата да донесе регулативи за индустријата за дигитални средства, според упатствата на Сојузното собрание. Документот беше објавен на официјалниот сајт на претседателот на Русија, Kremlin.ru, на 27-ми февруари.

Според документот, Путин и нареди на владата да ја спроведе регулативата поврзана со крипто поврзани до 1-ви јули 201-та9 година. Претседателот побара од Советот на Федерацијата на Русија и Долниот дом Федералното собрание на Русија (Руската државна Дума) да ја усвојат регулативата за време на пролетната седница од 2019-та година.

Поточно, документот бара усвојување на федерална легислација која има за цел да ја развие дигиталната економија, вклучително и регулирање на дигиталните спогодби во граѓанското право. Законот, исто така, треба да содржи регулаторна рамка за дигитални финансиски средства, како и да привлече поголеми финансиски ресурси базирани на дигитални технологии, се вели во документот.

Неодамнешните инструкции на Путин ја поддржуваат неговата претходна изјава во 2018-та година, кога и нареди на владата да постави регулации за трговијата со биткоин (BTC) и други криптовалути, ICOs и крипто-фармање до јули 2018-та година.

Рускиот парламент усвои крипто легислатива во првото читање во мај 2018-та година, меѓутоа, на есен, сите термини поврзани со крипто и токен биле на крајот заменети со терминот “дигитални права”, додека дефиницијата за крипто-фармање исто така била отсечена од законот. Како таков, Рускиот закон за крипто регулирање беше вратен во фазата на прво читање во декември 2018 година.

Неодамна, Рускиот финансиски весник Rambler објави дека Руската државна дума планира да ги разгледа и усвои новите регулативи за крипто во март.

Претходно, Рускиот министер за правда тврдеше дека министерството не ја гледа потребата за законско дефинирање на концептот за криптовалути, бидејќи криптовалутите не можат да се користат како начин на плаќање во земјата.

Leave a comment