Руска државна нуклеарна корпорација ќе развие блокчејн за да ја “зголеми ефикасноста”

Руска државна нуклеарна енергетска корпорација (Rosatom) ќе развие “напредни” дигитални технологии, како што е блокчејнот, изјави шефот на IT одделот на Rosatom, Евгени Абакумов, цитиран од корпоративниот аутлет на Rosatom во понеделникот, 1-ви октомври.

Според Абакумов, Rosatom има намера да се фокусира на три области на нови технологии, имено блокчејнот, вештачката интелигенција и Internet of Things (IoT). “Ние сме посветени на интеграција на 4.0 технологиите на пошироко ниво. IoT, AI, блокчејн и други треба да ја зголемат ефикасноста на производствениот процес”, изјави шефот на IT одделот на Rosatom.

Абакумов, исто така, изјави дека Rosatom сака да донесе нови таленти во трите споменати области.

Руските официјални институции се широко заинтересирани за крипто-технологиите. На пример, Рускиот државен пензиски фонд – најголемата социјална служба во земјата – ова лето ги откри своите планови за спроведување на блокчејн и паметни договори во работните односи.

Минатиот месец, Рускиот сојуз на индустријалци и претприемачи, во кој беа вклучени високо рангираните Руски менаџери од листата на милијардери на Forbes, наводно, учествуваа во креирањето на алтернативен нацрт-закон за крипто-регулирање во земјата.

Предлогот за регулирање на криптовaлути во Русија, кој е во план од јануари 2018-та година и допрва треба да се донесе, се смета за “разочарувачки”, според некои експерти.

Leave a comment