Русија: фирма за испорака на стоки ќе употребува блокчејн во пристанишната логистика

Руската транспортна логистичка компанија Infotech Baltika ќе развие систем базиран на блокчејн на пристаништата во кои работи, објави Рускиот поморски весник Morvesti на 11-ти февруари.

За да се развие решението засновано на блокчејн, наречено Edge.Port, фирмата се здружи со Московскиот блокчејн стартап Iconic.

Мрежата, наводно, ќе им овозможи на учесниците во активностите на пристаништата да ја складираат целата потребна документација на блокчејн. Според Morvest, сите услуги во пристаништето, вклучувајќи и паркирањеto на брод и изнајмување на брод, може да се нарачаат и да се следат онлајн преку системот, без поднесување на документи кои би го одземале времето.

Infotech Baltika изјави за објавувањето дека Edge.Port ќе и овозможи на фирмата да го намали времето поминато на пристаништето од четири часа до 25 минути.

Покрај тоа, употребата на блокчејн може, наводно, да заштеди до еден час додека бродот е истоварен. Како резултат на тоа, вкупниот капацитет на пристаништата би можел да се зголеми за 3 до 5 отсто, пишува Iconic на својот Facebook профил на 12-ти февруари.

Infotech Baltika тврди дека работи во 14 пристаништа низ цела Русија и во неколку европски земји, вклучувајќи ги Италија и Кипар. Со повеќе од 3.000 бродови секоја година, во 2017-та година, компанијата беше прогласена за најдобар товарен испорачач во Санкт Петербург, во однос на вредноста на преработената стока, пренесувајќи стоки вредни над 100 милијарди рубљи (околу 1,5 милијарди долари).

Блокчејнот во моментов е широко применет во поморската индустрија, како од пристанишните оператори, така и од логистичките компании. На пример, најголемата Израелска товарна компанија Zim, неодамна ја отвори својата блокчејн платформа за сите клиенти во одредени тргувања, по успешниот тест.

Во август 2018-та година, IBM и Данскиот транспортен и логистички гигант Maersk започнаа со глобално решение за испорака преку блокчејн. Иницијативата вклучува 94 организации и има направено 154 милиони испораки  од времето на лансирање.

Leave a comment