Русија станува сериозна за блокчејн, но на дистанца од криптовалутите

Минатата недела, во Санкт Петерсбург беше одржан годишен форум на кој присуствуваа најважните личности од Рускиот економски сектор, а таму криптовалутите беа жешка тема. Имено, владините агенти и бизниси контролирани од државата беа диста гласни за нивниот интерес околу блокчејн, но се чинеше дека се дистанцираа од дигиталните токени.

Во меѓувреме, регулаторна рамка за криптовалути сè уште недостасува во земјата, и покрај фактот што локалните власти имаа задача да го подготват потребниот амандман до пред скоро некое време. Значи, каде се движи Русија во смисла на крипто и блокчејн?

Краток вовед во однос на Русија и криптовалутите

Ставот на Русија за криптовалутите е мешан и ликвиден, како што е демонтрирано од развојот на “CryptoRuble” – националниот stablecoin проект. Прво, можноста за користење на замена за конвенционални пари се сметаше за “нелегална” од страна на финансискиот омбудсман Павел Медведев. Потоа, Кремљ наводно одлучил дека нивни stablecoin може да го “минимизира износот на анонимни трансакции”, па дури и да помогне да се избегнат санкциите наметнати од западот, со што дадоа зелено светло за проетот. Сепак, моменталниот статус на CryptoRuble е нејасен. Таа беше последно спомената во вестите во јануари 2019-та година, кога еден владин претставник изјави дека тоа би можело да оди лајв “за 2-3 години”, иако Централната банка на Русија (CBR) делуваше “многу конзервативно” во врска со идејата.

Криптовалутите општо во државата се наоѓаат во слична ситуација. Во октомври 2017-та година, претседателот Владимир Путин тврдеше дека криптовалутите “предизвикуваат сериозен ризик” и се користат за криминал, наведувајќи ја одлуката на CBR да ги блокира веб-сајтовите што продаваат дигитални средства. Само еден месец пред тоа, Рускиот министер за финансии, Антон Силуанов, тврдеше дека властите мораат да ја прифатат идејата за пазар на дигитални валути:

“Нема смисла да ги забранат, само треба добро да се регулираат.”

Од тогаш имало бројни обиди законски да се дефинираат криптовалутите. Во различни периоди, Руските законодавци беа повикани да воведат регулаторна рамка од претседателот Путин (двапати), локалниот Врховен арбитражен суд и Оперативната група за финансиска акција.

Во мај 2018-та година, Рускиот парламент усвои крипто-закон со наслов “За дигитални финансиски средства” (DFA), но наскоро беше вратена во фаза на прво читање поради недостаток на дефиниции за клучните концепти, како што се крипто-фармањето, криптовалути и токени.

Минатиот месец премиерот Дмитриј Медведев, наводно, изјави дека популарноста на криптовалутите “е намалена”, поради што повеќе не е релевантен проблем за регулирање. Имено, пред една година, тој ја повика владата да донесе закони барем за некои основни крипто-термини.

Сегашниот краен рок за регулаторната рамка утврдена од Путин истекува во јули.

Банката на Русија изјави дека криптовалутите не се дел од традиционалниот финансиски сектор

Сергеј Швецов, првиот заменик-гувернер на CBR, наводно, ги спореди криптовалутите со “игра”. Тој е цитиран како вели:

“Ако зборуваме за криптовалутите и forex-клубовите, тоа не е финансиски пазар, туку само игра. Има луѓе кои сакаат да играат, тие инвестираат во нив [криптовалутите], но исходот ќе влијае на другите. Затоа, тука имаме доста строга политика “.

Оттука, CBR уште еднаш го истакна својот скептицизам кон криптовалутите. Минатиот месец Елвира Набиулина, шеф на Банката на Русија, изјави дека нејзината агенција е против идејата дека крипто ќе стане замена за девизните пари.

Руски официјален претставник предложи да се создаде посебна економска зона која ќе се грижи за криптовалутите

Леонид Петукхов, шеф на Агенцијата за инвестиции и извоз за Далечниот Исток, предложи да се создаде офшор дестинација за криптовалути на островот Бољшој Усуријски, кој лежи на границата со Кина. Тој изјави за ТАSS, Руски медиум:

“Сакаме да креираме таму голем финансиски центар. Метафорично кажано, тоа би ги вклучило криптовалутите, крипто берзите, платформите за трговија со дрва – би бил домашен офшор, во добра смисла. Истото она што го направивме во Калининград”.

Петукхов најверојатно мислеше на островот Октабрија во регионот на Калининград, кој заедно со островот Руски во Владивосток станал офшор економски зона во 2018-та година. Странските компании што се регистрираат во овие кластери се ослободени од одредени давачки – на пример, тие се ослободени од плаќање на даноци од добивката добиена по пат на дивиденда. Сепак, ниту една од овие зони во моментов не вклучува никаква корист за криптовалутите.

Шефот на најголемата Руска банка во Русија изјави дека биткоин е за трансакции, а не за инвестирање – наместо тоа, планира да се држи до блокчејн

Херман Греф, извршен директор на државната банка Sberbank, изјави дека смета дека биткоин е “технички инструмент за трансакции”, а не еден вид инвестиција. Тој, исто така, се осврна на сопственото искуство со инвестициите во крипто, откривајќи дека купил биткоин кога вредел околу 5 долари и го користел за плаќање наместо да ги чува монетите.

Понатаму, Греф појасни дека неговата банка нема да развие никакви услуги поврзани со крипто, туку ќе се фокусира на блокчејн алатки. Како што изјави извршниот директор, возбуденоста околу крипто пазарот исчезна, но “редовното работење со блокчејн технологијата остана”, што го прави многу среќен.

Приватна блокчејна платформа за претпријатија и владини тела ја лансираше својата мрежа

Главната мрежа на блокчејн платформата Vostok  беше лансирана во SPIEF. Главната мрежа, наводно, ќе се користи за да се проверуваат трансакциите, додека клиентите на Vostok – претставени од големите Руски корпорации и државни агенции – исто така ќе имаат можност да создадат сопствени јазли и да користат приватни подмрежи.

Како што објавија крипто медиумите минатиот месец, Рускиот град Нижни Новгород почна да ја тестира употребата на апликацијата “City N” поддржана од Vostok, која меѓу другото им овозможува на жителите да ги поднесат своите даноци и да го потврдат својот идентитет.

Руската водечка нафтена компанија соопшти дека Facebook монетата во иднина може да се искористи за набавка на нафта

Игор Сечин, шеф на главната Руска нафтена компанија Rosneft, се осврна на потенцијалната врска помеѓу нафтата и криптовалутите. Поточно, тој изјави дека во иднина можноста за плаќање на нафта со користење на дигитални средства “не треба да се отфрли.”

Според Сечин, техничките гиганти од Силиконската долина како Google, Amazon и Apple почнуваат да го истражуваат секторот за нафта и гас, поради што еден ден монетата на Facebook може да се користи за купување барели нафта.

Понатаму, Сечин предупреди дека има некои пречки што криптовалутите треба да ги надминат за да го привлечат вниманието на енергетските гиганти. Тој беше цитиран како вели:

“Голема флексибилност често значи поголема нестабилност, а дигитализацијата создава ризици за одржување на комерцијални тајни и води кон потребата да се создадат нови регулаторни механизми, дополнителни резервации. Денес, технолошките компании немаат квалитетни одговори на овие основни прашања.”

Руската влада продолжува да се осврнува кон блокчејнот, но останува ладна кон дигиталните средства

Во меѓувреме, Руската влада продолжува да ги разгледува строгите прописи за крипто индустријата. Неодамна, претставник на Рускиот парламент спомена дека функционерите размислуваат да наметнат административна одговорност за фармањето на криптовалути.

“Ние веруваме дека криптовалутите создадени на отворени блокчејни како што се биткоин, етер и други се нелегитимни алатки”, изјави Анатолиј Аксаков, претседател на Комитетот на Државната Дума за финансискиот пазар, за ТASS.

Сепак, работите се многу повеќе bullish на блокчејн фронтот. Оваа недела Руските власти потпишаа договор со Данскиот логистички титан Maersk за започнување на TradeLens – блокчејна платформа за испорака – за дигитализација на транспортот низ цела Русија. Претходно минатиот месец Рускиот државен конгломерат Rostec кој е во државна сопственост, предложи амбициозен патоказ за примена на блокчејн во сите владини системи за податоци – се чини дека се укажува на тоа дека намерите на Русија кон технологијата стануваат сè посериозни.

Leave a comment