Резултати од самитот на Г-20: Крипто е важен за глобалната економија, треба да се регулира и оданочи

Членовите на Групата 20 (Г-20), меѓународен форум за владите и централните банки на земјите со развиени економии и економии во развој, се осврнаа кон криптовалутите во нивната неодамнешна декларација за одржлив развој на глобалната економија.

Резиме на декларацијата: Крипто е важен, но тоа треба да се стави под контрола и соодветни даночни прописи

На 1-ви декември, Декларацијата на Г-20 насловена како “Градење на консензус за фер и одржлив развој” беше објавена на официјалната веб страница на Советот на Европската унија и на Европскиот совет. Документот го сумираше 13-тиот собир на нациите од Г-20 што се одржа на 30-ти ноември и 1-ви декември во Буенос Аирес, Аргентина.

Декларацијата се однесуваше на крипто регулацијата, иако кратко: криптовалутите се спомнуваат само еднаш таму, во поширок контекст на “отворен и флексибилен финансиски систем”, кој “е клучен за одржлив раст”.

Признавајќи ја важноста на крипто индустријата за глобалната економија, Г-20, исто така, истакна дека ќе воведе мерки за спречување на перење пари и анти-терористички мерки според стандардите на FATF, формирано меѓувладино тело за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот:

“Ние ќе ги регулираме крипто-средствата за спречување на перење пари и борба против финансирањето на тероризмот во согласност со стандардите на FATF и ќе ги разгледаме другите одговори колку што е потребно”.

Понатаму, во истиот сегмент од декларацијата, учесниците на Г-20 изразија позитивен став кон небанкарските финансиски институции, посочувајќи ги потенцијалните предности на технологијата во финансискиот сектор, со оглед на тоа што технолошките иноватори управуваат со поврзани ризици:

“Со нетрпение го очекуваме континуираниот напредок во постигнувањето на флексибилно небанковско финансиско посредување. Ќе ги интензивираме напорите за да осигуриме дека потенцијалните придобивки од технологијата во финансискиот сектор може да се реализираат додека ризиците се ублажуваат. “

Сепак, има повеќе крипто поврзани вести од меѓународниот самит. На 2-ри декември, Јапонскиот весник Jiji објави дека земјите од Г-20, исто така, повикаа на меѓународно оданочување на криптовалути. Според публикацијата, конечниот текст на документот, кооперативно подготвен од страна на лидерите на Г-20, го нагласува “даночниот систем за прекугранични услуги за електронско плаќање”.

Во написот се наведува дека – според постојните закони – странските компании кои немаат “фабрика или друга база во Јапонија” не можат да се оданочат од локалната власт, додека лидерите на Г-20 бараат “да изградат систем за оданочување за прекугранични електронски услуги. ”

Јапонскиот весник, исто така, го спомена проценетиот краен рок за системот, велејќи дека конечната верзија на регулативите, откако ќе се разгледаат предлозите од секоја земја-членка, се очекува да се воведе до 2020-та година. Наводно, ова прашање ќе се дискутира следната година, кога Јапонија ќе стане домаќин на самитот и Јапонскиот премиер Шинзо Абе ќе ја преземе функцијата претседател на Г-20.

Претходен став на Г-20 за крипто

Претставниците на Г-20 претходно одржуваа период на “кревање раце” од крипто. Во март 2018-та година, по повик од Францускиот министер за финансии, Бруно Ле Маир, учесниците на Г-20 ја завршија првата јавна дебата за виртуелни валути.

Состанокот резултираше со “строг” краен рок за кој беа предложени “многу конкретни препораки” за тоа како да се регулираат криптовалутите на глобално ниво, и покрај Одборот за финансиска стабилност (FSB) – групата која ја координира финансиската регулатива за економиите на Г-20 – кој беше отпорен на повици од некои Г-20 членови за да разговараат за регулирање на криптовалути на конференцијата.

Покрај тоа, многу од учесниците на Г-20 одлучија дека криптовалутите треба да се испитаат понатаму пред да се направи конкретен регулаторен потег, иако некои земји, вклучувајќи го и Бразил, изјавиле дека нема да ги следат препораките од Г-20.

Сепак, членовите на Г-20 се согласија дека FATF ќе ги има поставено своите стандарди според крипто пазарите во соодветните земји, позиција што неодамна ја повторија во Буенос Аирес:

“Ние се обврзуваме да ги имплементираме стандардите на FATF како што се применуваат за крипто-средства, да се надеваме на нивна проверка од страна на FATF и го повикуваме FATF да ја забрза глобалната имплементација. Ги повикуваме меѓународните тела за утврдување на стандардите (SSBs) да продолжат со следење на крипто-средствата и нивните ризици, според нивните мандати, и проценка на мултилатералните одговори колку што е потребно.”

Во јули, резиме на привремени одлуки направени од страна на посветени министри за финансии и гувернери на Централни банки, изјавија дека “технолошките иновации, вклучувајќи ги и оние коишто се во основата на криптовалутите [sic], можат да дадат значителни придобивки за финансискиот систем и пошироката економија”. Сепак, во документот исто така, беа наведени различни проблеми поврзани со крипто, вклучувајќи затајување данок и загриженост за AML:

“Сепак, крипто-средствата ги покренуваат прашањата во однос на заштитата на потрошувачите и инвеститорите, интегритетот на пазарот, даночното затајување, перењето пари и финансирањето на тероризмот”.

Сепак, вистинските препораки за пристап кон сферата на криптовалути на меѓународно ниво не беа презентирани, а крајниот рок беше донесен до октомври 2018-ти година:

“Ние побаравме од FATF да се разјасни до октомври 2018-та година како нивните стандарди се однесуваат на крипто-средства”, се вели во резимето. Не е јасно дали овие препораки се презентирани до денес, бидејќи нема информации од Г-20 во врска со тоа прашање.

Leave a comment