Регулаторни случувања во Италија, Маурициус и Малта

Во ова издание на The Daily ние ги покриваме неодамнешните регулаторни случувања во врска со користењето на криптовалутите и нивните поврзани индустрии од целиот свет. Пратениците во Италија го одобрија мандатот за дефиниции, Маурициус создаде крипто лиценца за сопственост, а Малта треба да обезбеди насоки за сајбер безбедноста на крипто фондовите, берзите и ICOs регистрирани на островот.

Пратениците во Италија одобруваат блокчејн план

Според извештаите од Италија, законодавците на земјата го одобрија нацрт-законот што е опишан како прв обид на Рим за законски регулирање на одредени аспекти на индустријата изградени околу криптовалутите. Законот создава правни дефиниции за термини поврзани со крипто секторот, како што се “паметниот договор” и “дистрибуираната ledger технологија” и беше изгласано дека Agenzia per l’Italia Digitale мора да создаде специфични технички стандарди кои овие технологии се очекува да ги исполнат во одреден временски период.

Маурициус ја финализира рамката за крипто сопственост

Комисијата за финансиски услуги (FSC) на Маурициус на 8-ми февруари објави дека постигна значителен напредок во воспоставувањето на земјата како технолошки центар за дигитални средства “во и за Африка”. Регулаторната рамка Сопственички Услуги (Дигитални Средства) е завршена, што наскоро ќе им дозволи на одобрените компании да обезбедат услуги за чување на крипто средства.

FSC објаснува дека рамката е развиена во врска со меѓународните консултации на ниво на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕCD) и дека носителите на лиценцата ќе мора да се усогласат со применливата рамка за AML / CFT, “во согласност со најдобрите меѓународни практики “. Оваа нова регулаторна рамка ќе биде ефективна од 1-ви март 2019-та година.

Правинд Кумар Јунаут, премиер на Република Маурициус, изјави: “Во револуционизација на глобалниот fintech екосистем преку оваа регулаторна рамка за чување на дигитални средства, мојата влада ја потврдува својата посветеност за забрзување на преселбата на земјата во ера на дигитално овозможен економски раст. Како африканска земја, ние со нетрпение очекуваме да негуваме понатамошни иновации и да донесеме поголем просперитет во регионот”.

Претседавачот на FSC, д-р Ренганаден Падајаки, додаде дека “Планот идентификуваше неколку клучни можности кои треба да ги искористиме за да поттикнеме дополнителни активности со додадена вредност во нашата држава. Оваа нова рамка е во согласност со оваа стратегија и уверени сме дека тоа е уште еден додаток кој ќе ја зголеми конкурентноста на нашата држава”.

Малта ќе обезбеди насоки за сајбер безбедноста на берзите

Управата за финансиски услуги на Малта (МFSA) на 8-ми февруари ја претстави својата предложена стратегија за сајбер безбедноста на компаниите кои работат во секторот за крипто-средства во земјата. Регулаторот започна консултации во врска со упатствата за сајбер безбедност, кои ќе се применуваат за компаниите кои се законски дефинирани како фондови за професионални инвеститори кои инвестираат во виртуелни валути, VFA агенти, издавачи и даватели на VFA услуги.

Се смета дека предлозите се засноваат на голем број меѓународни иницијативи, како што се упатствата на Европскиот банкарски орган. Консултацијата е отворена за јавноста до 8-ми март 2019-та година, а учесниците во индустријата се поканети да ги испратат своите одговори до тогаш.

Главниот извршен директор на MFSA, Џозеф Кускиери коментираше “целта на МFSA е да обезбеди зголемена сигурност во сложениот дигитален свет. Овие упатства ги одразуваат пристапот на органот кон ефективно управување со ризиците и разбирањето на факторите на ризик директно поврзани со работењето на ентитетот во пејсажот на финансиски услуги. Навистина, ново-лансираната MFSA Vision 2021 идентификува примена на супервизорски пристап базиран на ризик како еден од клучните столбови на оваа стратегија.”

Leave a comment