Протекување на информации од платформа за размена подложи на ризик 620.000 долари крипто вредност на корисници

Платформата за размена со седиште во Јужна Кореја, ненамерно протекува чувствителни информации за 19 свои корисници, потенцијално ставајќи на ризик околу 620.000 долари во крипто.

Според извештајот на CoinDesk Кореја, вработен во Bitkoex, платформа за размена лансирана во мај, објави информации за тоа колку од износот на криптото на Karma (KRM) го држеле 19 корисници, во разговор со социјалните медиуми минатиот петок.

Во извештајот се вели дека протекувањето на пораката ги содржи мејловите поврзани со корисниците, како и адресите на нивните wallets и приватните “клучеви” за KRM токените во нивните акаунти, кои би овозможиле на било кој со овие информации да добие пристап до нивните средства.

Вкупниот износ на токените во сосптвеност на корисниците достига 750 милиони вонови, или околу 620.000 долари, се вели во извештајот.

По овој настан, Bitkoex изјави дека вработениот ненамерно ја испратил пораката и дека платформата за размена ги преместила изложените средства во cold wallets, кои не се достапни преку интернет. Компанијата изјави дека никакви средства не биле изгубени.

Сепак, ова не е првпат кориснички информации да бидат обелоденети од корејска платформа за размена на крипто.

Како што претходно беше објавено од CoinDesk, компјутерот на еден од вработените во Bithumb, една од најголемите платформи за размена на крипто во Јужна Кореја, беше хакиран минатата година. Подоцна беа објавени информации за околу 30.000 корисници на платформата.

Всушност, вчерашниот извештај соопшти дека Министерството за наука и ИКТ во земјата го проверува нивото на информациска безбедност на 21 платформа за размена во Јужна Кореја од јануари до март и потврди дека повеќето компании имаат слаба безбедност.

Минатата недела, Bithumb изјави дека 31 милион долари во крипто од платформата биле украдени од хакери.

Leave a comment