Прокраина во Јужна Кореја ќе издаде сопствена монета откако владата изјави дека криптовалутите треба да се прифатат

Владата на Јужнокорејска покраина ќе издаде своја сопствена дигитална валута базирана на блокчејн, во обид да ја замени државната loyalty scheme, објавија локалните медиуми во понеделникот, 27-ми август.

Официјални лица во Gyeongsangbuk-do ќе соработуваат со блокчејн стартапот на Orbs за да ја создадат монетата Gyeongbuk Coin, која ќе им ја претстават на потрошувачите наместо постојните “Hometown Love Gift Cards.”

Gyeongsangbuk-do го опфаќа и четвртиот по големина град во Јужна Кореја, Даегу, и со монетата од Gyeongbuk ќе се тргува низ целиот овој регион.

“Сé уште има многу проблеми што треба да се решат со известувањето на трговците за начинот на кој тие ги користат монетите, создавајќи одделни програми и издавање на монетите”, The News Asia го цитираше шефот на одделот за научни и технолошки полиси на Gyeongsangbuk-do.

“Криптовалутите се сепак дел од една важна технологија и треба да бидат прифатени.”

Како што Cointelegraph продолжува да известува, Jужнокорејските законодавци се повеќе се придвижуваат кон пошироката интеграција на криптовалutite на национално ниво.

Тековната парламентарна дебата се фокусира на, меѓу другите теми, легализирање на ICO и создавање на “Блокчејн Остров” во стилот на Малта.

Еден тим на официјални лица претходно ја посети Швајцарската “Крипто Долина”, за чие што време тие се чинеше дека имаат увид во тоа како да ја распоредат блокчејн технологијата и кај нив.

“Мислам дека можеме да ги искористиме информациите што ги позајмивме од Цуг за да направиме покраински владини карти за лична идентификација за вработените во  Gyeongbuk”, објави уште еден локален претставник.

Според медиумите, владата на покраината планира да издава 100 милијарди вонови (90 милиони долари) во вредност од Gyeongbuk Coin годишно.

Leave a comment