Проект за енергетска ефикасност на Еthereum сега напојува 700 домаќинства во 10 градови

Малку познат проект на еthereum наречен Lition тивко им помага на Германските граѓани да дојдат до поевтина енергија.

Лансиран претходно оваа година, Lition е веќе лиценциран снабдувач на енергија во Германија со клиенти во 12 поголеми градови (вклучувајќи ги Берлин, Хамбург и Минхен), кои сега го користат децентрализираниот енергетски пазар. Изграден на блокчејнот на еthereum, пазарот на Lition ги поврзува потрошувачите директно со големите и малите производители на енергија.

Вкупно, повеќе од 700 домаќинства низ Германија сега ја користат децентрализираната платформа за купување на нивната енергија, според компанијата.

На кратко, Lition се обидува да промени како глобалната енергија работи со концепт многу познат на блокчејн ентузијасти: “заобиколувајќи ги непотребните посредници”, зачувувајќи ги парите на своите корисници за енергија.

Во случајот со домаќинствата, снабдувачот со енергија ја продава соларната или електричната енергија (или било кој тип на енергија што ја произвеле) на посредник, честопати гигантска мултинационална компанија. Клиентите тогаш купуваат енергија од тој посредник.

Проблемот е, во очите на извршниот директор на Lition, Ричард Лохвасер, тоа што овие мултинационални посредници имаат премногу влијание и не им даваат доволно избор на корисниците каква енергија можат да купат.

Значи, решението на Lition е целосно да ги исече.

“Нашата енергетска размена ги поврзува клиентите и производителите директно. Производителите ја ставаат енергијата на платформа за размена, а потоа купувачите можат да ја купат”, изјави тој,  додавајќи:

“Обично купувањето директно од производители е ограничено на снабдувачите на енергија, кои се големи корпорации. Ние ја носиме размена директно кај потрошувачот, така што потрошувачите можат да платат за енергијата што ја сакаат”.

Исклучување на гигантите

Отсекување на посредници, исто така, ги намалува трошоците – а не и со мала количина. Според Lition, ова им заштедува потрошувачите во просек  20 проценти од нивните сметки за комунални услуги и ги зголемува приходите на електричната централа за 30 отсто.

Тоа е и покрај тоа што Lition става силен акцент на “еко енергија”, која иако е подобра за животната средина, често е поскапа. Како што покажува демонстрацијата на апликацијата, корисниците на Lition можат да изберат од категориите ветер, сончева енергија или биомаса, а потоа да одберат кој провајдер им се допаѓа најмногу (како што спомна Лохвасер, обично е најевтината опција).

Откако корисникот ќе ја најде енергијата што сака да ја купи, тие прават плаќање во евра за Lition. Зад сцената, smart contract ја открива оваа исплата и автоматски му ја испраќа на потрошувачот посакуваната енергија.

“Блокчејн технологијата на Lition … го поедноставува процесот на купување на енергија директно од еко производители, со користење на транспарентни smart contracts кои им овозможуваат на потрошувачите да ја заобиколат целата сложеност од брокери за дистрибуција на енергија”, објаснува веб-страницата на Lition.

За сега, корисниците треба да бидат од Германија, каде што е дозволено да работи Lition. Оние кои се заинтересирани за купување на енергија користејќи го пазарот на Lition, можат да пребаруваат на веб страната на Lition, која исто така, има и проценител на цена врз основа на поштенскиот код на корисникот.

Но, Лохвасер гледа дека сето ова е proof-of-concept за поголема цел.

Можеби, еден ден, секој ќе може да ја купи енергијата директно на овој децентрализиран начин, можеби дури и од мали сончеви фарми што ги поставуваат некои од хоби во блиското соседство.

Блокчејн битката

Лошата вест е дека, како и некои други компании, тие имаа проблеми со еthereum.

“Еthereum не е добар систем”, изјави отворено Лохвасер.

Додека тој го цени тоа што платформата е отворена и “не треба дозволи”, што значи дека секој може да ја користи без да поднесе дозвола, тој ја наведе долгата листа на проблеми со кои се соочуваат корисниците на Lition.

“Таа е многу бавна. Потребни се 20-30 секунди за да му кажете на купувачот дали може да купи енергијата или не”, рече тој, додавајќи дека како компанија која се обидува да промовира обновлива енергија, почнаа да се чувствуваат вознемирени поради користење на систем кој се потпира на фармање, што е процес кој прилично троши голема количина на енергија.

Сфаќајќи ја цената која доаѓа од поврзувањето со оваа платформа, Lition е ставен во тесно. Тие почнаа да бараат нешто подобро, но гледајќи барем десетина блокчејни, не можеа да најдат таква што работи без да треба дозвола да влезеш и која е скалабилна.

“Сите имаат свои недостатоци”, изјави Лохвасер. Тој изгледаше скептичен за приватни блокчејни, различни од јавните, во кој не може да учествува било кој. “Ви доаѓа исто како и да немате блокчејн” изјави тој.

Така, тие се нашле во партнерство со една од најголемите светски софтверски компании, SAP, за изградба на сопствен систем, “хибриден” блокчејн за претпријатија, кој ги комбинира она што тие веруваат дека се најдобрите аспекти на приватните и јавните блокчејни. SAP работи на smart contracts делот, додека Litiom се справува со консензусниот дел.

Компанијата брза да нагласи дека успеале да ја создадат сета оваа технологија без финансирање од ICO. Новиот тип на прибирање на средства од страна на блокчејн технологијата е возбудлив, но исто така привлече многу скептицизам, делумно поради тоа што сомнителните проекти можеа да соберат милиони долари на овој начин.

Со цел да го следат нивниот приватен-јавен блокчејн, кој ќе се користи за повеќе од само за употреба на енергија, Lition планира да отвори своја сопствена ICO за да го пушти во употреба подоцна оваа година.

Leave a comment