Пркосејќи и на “Крипто зимата”, Швајцарската крипто долина се прошири до 750 компании

Новото истражување покажува дека кластерот на компании кои работат со криптовалути и слични технологии во Швајцарската крипто долина се прошири и покрај почетокот на она што е наречено “крипто зима”. Долината сега покрива поголема територија во алпската конфедерација и се прошири во соседен Лихтенштајн.

4 Unicorns со присуство во Крипто долината

Падот на цените на дигиталните средства во изминатите месеци влијаеше на големите крипто и блокчејни компании со канцеларии во Швајцарија и Лихтенштајн. Топ 50 од нив ја намалија својата вредност од 44 милијарди долари на 20 милијарди долари во четвртиот квартал од 2018-та година, според извештајот на инвестициската компанија Crypto Valley Venture Capital (CVVC), PwC, Strategy & и Швајцарската IT консултантска фирма Inacta.

Сепак, бројот на бизниси кои работат во крипто-просторот, кој има воспоставено присуство во регионот, се зголеми за околу 20 проценти – од 629 на 750. Тоа значи дека во четвртиот квартал на 2018-та година има регистрирано над 120 нови крипто ентитети. Вкупниот број вклучува најпрепознатливи имиња во светот во оваа индустрија, од кои четири се unicorn стартапи вредни милијарди долари.

Авторите на студијата проценуваат дека првите 50 компании се проценуваат на по 400 милиони долари, во просек. Кога петте најголеми се извадени од равенката, просечната бројка е сè уште 365 милиони долари, што укажува на ниска концентрација. Истражувањето покажува дека постојат четири ентитети во вредност од над 1 милијарда долари -Bitmain, Cardano, Dfinity и Ethereum. Во исто време, просечната вредност на сите 750 компании е проценета на 27 милиони долари.

3.300 луѓе вработени во крипто кластерот

Во 50-те најголеми компании има околу 480 луѓе кои работат во нивните канцеларии во Швајцарија и Лихтенштајн, додека целиот сектор вработува над 3.300 луѓе. Овие и други броеви во извештајот покажуваат дека сегашната ситуација е “бизнис како вообичаено” за многу ентитети, и покрај падот на пазарната вредност на повеќето криптовалути.

Истражувачите откриле дека крипто долината географски се шири. Додека над половина од компаниите (51 процент) се наоѓаат во Цуг, други Швајцарски кантони сега се седиште на останатите. Според добиените податоци, 42 од овие бизниси се регистрирани во Женева и 39 во Тичино. Лихтенштајн е уште едно жариште со 38 компании од секторот. CVVC одржува онлајн карта која покажува каде се лоцирани крипто стартапите.

Споредбата со бројот од третиот квартал од 2018-та година покажува дека 15 компании се приклучија на првите 50 во последните три месеци од претходната година. Ова се 4 Artechnologies, Boscoin, Hdac, Icon, Mt. Pelerin, Odem, Quant Network, Saga, Santiment, Sygnum, Token Pay Swiss, Nexo, WPP Energy, Utopiamusic и Zulu Republic. Уште 10 стартапи се кандидати што ќе го сторат тоа во иднина.

Швајцарија и Лихтенштајн, заедно со Малта, Гибралтар, Естонија се дел од група европски јурисдикции кои прават напори да создадат крипто-пријателска деловна клима. Проширувањето на Швајцарската крипто долина беше олеснето од децентрализираниот политички систем во земјата и силните традиции во обезбедувањето финансиска приватност. Минатиот месец, владата во Берн усвои сеопфатна стратегија за развој на крипто сектор.

Leave a comment