Пристаништата во Абу Даби и Белгија соработуваат на пробен блокчејн тест за трговија

Подружницата на Abu Dhabi Ports соработуваше со Белгиското пристаниште во Антверпен за пробен блокчејн тест со цел да ја олеснат меѓународната трговија.

Пробниот proof-of-concept  (PoC) ќе биде спроведен од страна на Maqta Gateway користејќи своја блокчејна платформа Silsal, која беше лансирана во јуни за решавање на неефикасноста во индустријата за транспорт и подобро поврзување на увозниците и извозниците.

Според соопштението за медиумите, се очекува овој пробен тест да им помогне на компаниите да се справат со трговската документација меѓу Обединетите Арапски Емирати и Белгија, “обезбедување целосна видливост на товарот и подобро насочување на трговските текови и синџирите на снабдување”.

Тестот има за цел да истражи како најдобро да ги прошири блокчејн системите во светската трговија, како и да обезбеди трансакциска сигурност и пониски трошоци за интеграција.  Се очекува да биде завршен до четвртиот квартал на 2018-та година.

Мохамед Јума Ал Шамиси, извршен директор на Abu Dhabi Ports, изјави:

“Ова е важен момент за нас додека се подготвуваме да го имплементираме првото блокчејн решение од ваков вид меѓу Абу Даби и светот. Нашите технолошки експерти од Maqta Gateway работат со меѓународни партнери од светска класа, како што се пристаништето Антверпен, за да испорачаат брзи, сигурни и безбедни трговски трансакции преку ригорозни програми за развој и тестирање”.

Овие вестите го означуваат најновото во бранот на блокчејн истражувања кои се во тек со глобалната логистичка индустрија.

Неодамна, глобалниот гигант за достава FedEx, минатиот месец се приклучи на блокчејн конзорциумот на Hyperledger, во обид за заеднички развој и усвојување блокчејн во своите процеси. И во август, технолошкиот гигант IBM и главниот превозник Maersk најавија платформа за глобална трговија наречена TradeLens со 94 компании веќе вклучени.

Понатаму, блокчејн стартапот на SUKU, предводен од група поранешни вработени во Deloitte, во септември исто така, започна со платформа за синџирот на снабдување изградена врз блокчејните на еthereum и quorum.

Имено, мнозинството на извршители на испорака се чини дека се повеќе се фокусирани на блокчејн. Една неодамнешна анкета на INTTRA, мрежа за океански превозници, покажа дека повеќе од 53 отсто од анкетираните 130 испитаници велат дека се заинтересирани за оваа технологија.

Според неодамнешниот извештај на Светскиот економски форум (WEF) и Bain & Company, се очекува дека блокчејн технологиите и дистрибуираната ledger технологија ќе овозможат 1 билион долари во трговијата во следната деценија.

Leave a comment