Претседателот Мадуро нареди Банката на Венецуела да ја прифати криптовалутата Petro

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и нареди на водечката банка на земјата, Banco de Venezuela, да ја прифати националната криптовалута, Petro (PTR) во сите свои филијали, објави на Twitter Министерството за финансии на Венецуела на 4-ти јули.

Според твитот, Мадуро даде “експлицитна наредба за отворање на Petro оддели во сите филијали на Банката на Венецуела”. Изјавата очигледно дојде за време на еден настан кој ја слави десетгодишнината од национализацијата на споменатата банка.

На 19-ти јуни, Мадуро објави дека и биле доделени 924 милиони боливари (над 92,5 милиони американски долари) на Дигиталната банка за млади и студенти за отварање на еден милион акаунти за Petro паричници за младите во земјата. Хозе Анхел Алварез, претседател на Националната асоцијација за криптовалути во земјата, коментираше за изјавата за криптовалутата на CCN:

“Тоа е храбра и точна одлука со која се движиме напред кон хибридната економија, каде што фидуциарната валута на една земја се натпреварува лице в лице со криптовалутите.”

Како што објавија крипто медиумите во јануари, Венецуела има проблем со санкциите од САД, вклучувајќи ги и оние што се наметнуваат конкретно против трансакциите во националната дигитална валута, Petro. Во март, претседателот Трамп им забрани на американските граѓани да купуваат Petro.

Во мај, се појави веста дека Венецуела размислува за затворање на меѓусебните трговски договори со Русија користејќи ја рубљата.

Leave a comment