Претпријатија и Eтереум блокчејнот: Добри и лоши страни

Eтереум во моментов е познат како најпопуларна јавна блокчејн мрежа за развој на децентрализирани апликации (DApps) и паметни договори. Неговиот потенцијален блокчејн протокол е еден од ретките крипто проекти што всушност постигнува усвојување во реалниот свет, со десетици апликации кои можат да се поделат во 11 главни категории: отворено финансирање, децентрализирани берзи, игри, колекционерски предмети, пазари, алатки за девелопери, идентитет, управување, инфраструктура, регистрирање на токени и  Ethereum Request for Comments (ERC) токен стандарди. Па според ова, се чини дека е лидер во полето на претприемнички блокчејн решенија.

Eтереум придонесува за револуционизирање на интернетот со создавање на Децентрализирана мрежа – или Web3 – што ги олеснува peer-to-peer (P2P) трансакциите (т.е. без посредник). Тоа значи дека блокчејн технологијата на Етереум постепено ја менува интернет P2P економијата преку средство за контрола на технологиите и апликациите што често ги користиме.

Постојат три основни начини на кои Eтереум го прави ова: Првиот е со правењето на пари (криптовалути) природна карактеристика на интернет; вториот е со децентрализирање на апликациите за да им понудат на корисниците нови можности и третиот со што корисниците ја имаат контролата над нивните податоци и дигитални идентитети.

Усвојување на Eтереум во реалниот свет

Од 2.000+ криптовалути кои постојат, Етереум демонстрираше како блокчејн технологијата може да постигне усвојување во реалниот свет и со поединци и со деловни активности.

Од основањето на Eтереум во 2015-та година, постојат над 2500 DApps изградени на блокчејнот на Етереум.

Во првите редови на усвојувањето на Етереум се наоѓа претпријатието Enterprise Ethereum Alliance, блокчејн конзорциум со повеќе од 450 бизнис претприемачки членови, вклучувајќи ги и Microsoft, JPMorgan Chase, Santander, Accenture, ING, Intel, Cisco и други.

Претпријатија кои ја спроведуваат блокчејн технологијата на Eтереум

Microsoft и Amazon започнаа со користење на протоколот на Eтереум за да им овозможат на корисниците да креираат и управуваат со блокчејните преку нивните платформи за cloud computing blockchain-as-a-service (BaaS) – т.е. Microsoft Azure во мај 2019-та година и Amazon Managed Blockchain претходно во април.

Овие BaaS платформи би можеле да придонесат за раст и усвојување на Eтереум. Дополнително, тие исто така обезбедуваат пристап до Етереум варијантите, како што е Quorum блокчејнот на JPMorgan, кој е претприемачки фокусирана, блокчејн платформа со отворен код базирана на Eтереум.

Quorum блокчејнот е изложен на повеќе од 250 глобални банки досега преку неговата Interbank Information Network (IIN) и сега може да се користи од страна на поголем спектар на фирми преку BaaS платформите.

Додека Quorum блокчејнот на JPMоrgan  е приватна или верзија на Етереум која бара дозвола за пристап, важни случувања има и на јавниот Eтереум блокчејн. На пример, сметководствената фирма од Big Four, Ernst & Young (EY) неодамна објави протокол за јавен блокчејн наречен Nightfall. Овој протокол е алатка за приватност, заснована врз протоколот zk-SNARKs, кој им овозможува на големите корпорации и претпријатијата на кои им е потребна блокчејн приватност, да градат врз јавната мрежа на Eтереум.

Зошто големите корпорации и претпријатија го избираат Eтереум

Eтереум се чини дека е водечки блокчејн меѓу претпријатијата. На пример, повеќе од 50% од фирмите кои вредат милијарди долари вклучени на листата на Forbes наречена “Blockchain 50: Billion Dollar Babies”, градат апликации врз Етереум или изведуваат платформи од него.

Еве неколку основни причини зошто овие претпријатија го избираат Eтереум:

  1. Eтереум е првиот програмабилен блокчејн кој содржи комплетен Туринг јазик, кој има функција како паметен договор.
  2. Тој е добро испланиран проект: Поголемиот дел од криптовалутите се доста спонтани, брзо се појавуваат и умираат. Eтереум, од друга страна, е проект со високо ниво на кредибилитет заснован на неговата трајна историја – во споредба со другите крипто-проекти – со својата бела книга објавена во 2013-та година и нејзиното лансирање во 2015-та година. Проектот има јасен патоказ и визија за негово скалирање со цел да го направи неговиот блокчејн технолошки релевантен за наредните години. Проектот ќе скалира со објавувањето на Eтереум 2.0, што е голема надградба која ќе биде објавена во четири фази во текот на следните две-три години.
  3. Тој е отворен систем: јавниот блокчејн на Eтереум е отворен систем, што значи дека секој може да се приклучи на проектот и да придонесе за неговиот раст и развој. Ова е голема предност затоа што овозможува секој да го развива екосистемот и да го подобрува. Затворените или приватни блокчејн платформи како Hyperledger, Hashgraph, Corda, итн., го немаат истиот мрежен ефект на отворени системи како Етереум.
  4. Има огромна поддршка: Eтереум има најголема заедница на девелопери кои работат на неговиот блокчејн протокол. Стотици илјади девелопери работат на Етереум екосистемот, а проектот е поддржан и од средни компании и големи корпорации. Исто така, Ethereum Enterprise Alliance и Hyperledger постојано го следат и придонесуваат кон развојот на проектот.
  5. Приватни трансакции: Претпријатијата можат да постигнат приватност со Етереум со формирање приватни конзорциуми со приватни трансакциски слоеви, а Quorum на JPMorgan би бил добар пример за тоа. Исто така, претпријатијата сега можат да постигнат приватност на јавниот Етереум блокчејн со Nightfall протоколот на Ernst & Young.
  6. Брзо распоредување: Лесно е девелоперите и претпријатијата да започнат со Eтереум. Се-во-едно BaaS платформите како Microsoft Azure и Amazon Managed Blockchain услугите и software-as-a-service (SaaS) платформи како Kaleido поддржани од ConsenSys, се обидуваат да им олеснат на бизнисите при развивање на свои блокчејн мрежи. Нови алатки за развој постојано се објавуваат, така што Eтереум лесно може да се усвои меѓу претпријатијата и бизнисите.
  7. Интероперабилност: Претпријатијата можат да развијат приватни / со потребна дозвола блокчејн мрежи базирани на Eтереум и да ги вклучат во главната јавна мрежа на Eтереум за да уживаат во огромниот, активен, јавен блокчејн со висока вредност и сите делови на неговиот екосистем. Пример за ова е Pantheon од PegaSys, кој е првиот претпријатиски клиент на Етереум што е компатибилен со јавниот синџир. Сè на сè, интероперабилноста на Eтереум во суштина ги одржува блокчејните на претпријатијата во тек, бидејќи им нуди глобално влијание, експанзивна мрежа на корисници и DApps, и континуирани случувања и надградби.
  8. Инвестиција: Цената на сопствената криптовалута на Eтереум, Етер, се зголеми за над 9000% од моментот на нејзиното лансирање. Раните усвојувачи и инвеститорите имаат корист од исклучителниот поврат на инвестициите и цените на ЕТH се очекува постојано да се зголемуваат со текот на времето.
Цената на Етереум во последните 4 години

Недостатоците на Eтереум за претпријатијата

Додека Eтереум може да биде водечки блокчејн за деловни решенија на претпријатијата, има и некои недостатоци. Некои од најголемите грижи на претпријатијата за Eтереум вклучуваат:

  1. Приспособливост: Примарниот проблем со Eтереум е приспособливоста. Трансакциите се сè уште многу бавни, бидејќи јавниот блокчејн на Eтереум може да обработува приближно 15-20 трансакции во секунда (TPS) во споредба со 45000 обработени од Visa. За претпријатијата е потребна многу голема моќност на трансакциите, а Етереум сè уште не може да го понуди тоа на својата јавна главна мрежа.

Како и да е, блокчејн варијантите на Етереум за кои е потребна дозвола не страдаат од истите ограничувања како јавниот Eтереум и можат да трансакцираат многу побрзо од 15-20 TPS. Затоа, Eтереум засега до некаде го има решено овој проблем, бидејќи претпријатијата можат да ги развијат овие приватни Етереум блокчејни и да ги спојат со јавниот Етереум блокчејн кога е во можност да скалира. Претходно овој месец, ко-основачот на Eтереум, Виталик Бутерин, предложи да се користи Bitcoin Cash блокчејнот како привремено решение што ќе помогне да се решат проблемите со приспособливоста на Етереум мрежата.

2. Неизвесност: Друг главен недостаток на Eтереум за претпријатијата е дека проектот сè уште е во развој и може да има некои дефекти во системот. На пример, со цел Eтереум да скалира, мора да премине од proof-of-work (PoW) во proof-of-stake (PoS) конзенсусен алгоритам на Ethereum 2.0 апгрејдот. Ова е многу сериозна промена – и ако не се одвива непречено, целиот систем може да се сруши.

3. Конкуренција: Додека Eтереум е лидер во блокчејн усвојувањето од страна на претпријатија, тој се натпреварува со други блокчејн протоколи кои тврдат дека се поскалабилни од Eтереум. Таквите конкуренти се: EOS, Cardano, Stellar, Neo, TRON и други. Исто така, Eтереум ќе се натпреварува со новите блокчејн протоколи кои што сè уште не се лансирани, како што се Hedera Hashgraph, Polkadot и Telegram Open Network (TON).

Eтереум 2.0: Како ќе ја смени интеракцијата на претпријатијата со екосистемот

Eтереум во моментов страда од голем број на проблеми и ограничувања околу неговата блокчејн технологија, вклучувајќи проблеми со интероперабилност, економска и трансакциска приспособливост, безбедност, стабилност, управување и многу повеќе. Сепак, тимот кој стои зад Eтереум ги решава овие проблеми со радикален ремонт на протоколот преку надградбата Eтереум 2.0.

Како што изјави Бутерин:

„Eтереум 1.0 е обичен обид на неколку луѓе да изградат светски компјутер; Eтереум 2.0 всушност ќе биде светски компјутер“.

Бидејќи е еден од најстарите играчи во крипто-полето, Етереум има стекнато доверлив кредибилитет меѓу претпријатијата. Исто така, неговите намени во реалниот свет опфаќаат 11 главни категории за кои деловните субјекти потенцијално би можеле да се заинтересираат. И големата заедница на девелопери на Етереум, која работи на подобрувања во неговиот блокчејн протокол, може да се смета од страна на деловните субјекти како технолошка придобивка. Во меѓувреме, Eтереум постојано се соочува со одложувања за апдејти, ниско ниво на приспособливост и зголемување на конкуренцијата.

Сè на сè, Eтереум лесно може да се замени со конкурентски блокчејн протокол кој може да ги исполни своите ветувања и побрзо да ја прошири својата блокчејн мрежа. На крајот на краиштата, сè уште е рано во овој иновативен свет на блокчејн технологија и сè уште нема јасни победници.

Leave a comment