Првата платформа за крипто-размена која е поддржана од банка во светот конечно се отвора за јавноста

Првата во светот платформата за размена на криптовалути која всушност е поддржана од банка сега е отворена за јавноста по неколку месечно одложување.

Јапонскиот финансиски гигант SBI Holdings официјално ја започна својата внатрешна крипто-платформа за тргување, наречена VCTRADE, минатиот месец. Сепак,  услугата за тргување беше достапна само за група на избрани корисници кои претходно се регистрираа на платформата минатиот октомври.

Во соопштението објавено во вторникот, SBI Holdings изјави дека услугата е сега целосно отворена за корисниците на возраст од 20 до 70 години кои престојуваат во Јапонија. Меѓутоа, услугата за регистрација за корпоративните клиенти сè уште не е достапна.

На почетокот на јуни, VCTRADE објави дека првично ќе го поддржи тргувањето со јапонскиот јен против XRP, матичен токен на протоколот Ripple – потег кој се совпаѓа со широката поддршка на институцијата за XRP во прекуграничната блокчејн спогодба.

Потоа постепено, платформата го додаде и тргувањето со парови базирани на јен за bitcoin cash и биткоин на 8-ми и 15-ти јуни, соодветно.

Денешното јавно отворање доаѓа по скоро две години откако SBI Holdings први најавија дека ќе ја изградат платформата за размена во октомври 2016-та година, при што платформата добила дозвола за работа од Јапонскиот финансиски мониторинг, Агенцијата за финансиски услуги, кон крајот на минатата година.

Нејзиното деби беше одложувано со месеци, меѓутоа, како што фирмата работеше на зголемување на нивото на внатрешна безбедност, по масовниот хакерски напад во кој загубија 533 милиони долари на платформата за  размена на Coincheck во јануари.

Leave a comment