Првата исламска крипто берза ќе биде лансирана во 2019-та

Проектот ADAB Solutions, со седиште во Обединетите Арапски Емирати, планира да ја лансира FICE – Првата Исламска крипто берза која ќе работи “според начелата на шарискиот закон”. Компанијата очекува да достигне 146 милиони долари дневно тргување и 4,4 милијарди долари месечен промет до 2020-та година.

Исламските финансии како база за крипто берза

Новиот проект се уште не е пуштен, но веќе го привлече вниманието на крипто заедницата. Првата исламска крипто-берза беше означена како број еден во неодамна објавениот рејтинг на Coin Shark “ТОП 10 ICO проекти што станаа најкорисни идеи на 2018-та година.” Компанијата вели дека нивниот производ е “можност за крипто пазарот да влезе во исламскиот свет” и дека тоа ќе биде “првата платформа за размена на криптовалути во светот која ќе работи во целосна согласност со принципите на исламските финансии”.

Тоа значи дека ќе има две посебни одделенија за контрола на функционирањето на платформата. FICE ќе има посебен оддел за исламски финансии и Шариски советодавен одбор во својата структура. Советодавниот одбор на шеријатот ќе ги обедини познатите исламски финансиски експерти кои ќе анализираат и потврдат дека секоја од криптовалутите кои ќе бидат наведени на FICE се “халал”, па муслиманските клиенти кои сакаат да ги користат нивните услуги може да се потпрат на оваа проценка. Според ADAB Solutions, разликата меѓу конвенционалните и исламските платформи е дека нема да има шпекулации и манипулации на пазарот од страна на FICE.

Финансиски бум

Експертите известуваат за постојан пораст на исламските финансии во текот на последната деценија. Во септември 2018-та година, Daily News пишува дека годишниот раст на овој пазар е 10-12 проценти во текот на изминатите 10 години. Покрај тоа, аналитичарите од Thomson Reuters во јули 2018-та година ја проценуваат вредноста на исламските финансии во висина од 2,2 трилиони долари. Тие исто така, истакнаа дека индустријата се шири преку повеќе од 60 земји. Експертите предвидуваат дека исламските финансии ќе пораснат до 3,8 трилиони долари до 2022-ра година.

Според Pew Research Center, во светот има 1,8 милијарди муслимани, а овој број расте секоја година. Затоа ADAB Solutions верува дека тие го одбрале најдоброто време за создавање на првата Исламска крипто берза. “Идејата за FICE е навистина релевантна и потребна” – изјавија од компанијата.

ICO и плановите за во иднина

ADAB Solutions им овозможува на корисниците да купуваат свои ADAB-токени за време на ICO, кој беше лансиран во август 2018-та година и ќе се одржува до февруари 2019-та година. Цената на исламската дигитална валута е 0,1 и компанијата очекува вредноста на монетата да се зголеми до 11,5$ до крајот од 2022-ра година. ADAB-токенот може да се користи за плаќање на комисија за сите трансакции во платформата. Компанијата исто така ветува автоматски да поништува 10 проценти од секоја комисија што ја добива со цел да го намали бројот на токени и да ја зголеми нивната вредност.

ADAB Solutions очекува да привлече околу 730.000 луѓе по започнувањето на проектот во 2019-та година. Тимот планира да го зголеми овој број за речиси три пати и да достигне 1,9 милиони публика во 2022-ра година, вклучувајќи ги и муслиманските и немуслиманските корисници.

 

Leave a comment