Поштенскaта служба во Лихтенштајн ќе понуди услуги за крипто размена на физички локации

Liechtensteinische Post AG, официјална поштенска служба во земјата, планира да понуди услуги за размена на криптовалути на нивните физички локации, според официјалното соопштение објавено на 14 февруари.

Поштенската услуга ќе им овозможи на клиентите да го разменат своjот fiat со Биткоин (BTC) во една од своите канцеларии во Вадуц, главниот град на земјата, почнувајќи од 15-ти февруари. По купувањето на BTC, корисниците ќе добијат физички паричник што генерира јавни и приватни клучеви.

Подоцна, услугата, најверојатно, ќе биде проширена и на други пошти низ целата земја, се забележува во објавата. Покрај тоа, поштенската услуга сака да додаде поддршка и за други монети, вклучувајќи ги и Еthereum (ЕТH), Litecoin (ЛТЦ), Bitcoin Cash (BCH) и Ripple (ХRP).

За да се воведе услугата, поштата на Лихтенштајн е партнер со Värdex Suisse AG – финансиски регулиран блокчејн и давател на услуги за плаќање во Швајцарија. Во соопштенијата се вели дека услугите за размена на криптовалути не се ништо поразлични од конвенционалните компании за размена на пари.

Швајцарија и Лихтенштајн се меѓу земјите со највисоко ниво на прифаќање крипто во светот. Лихтенштајн го претстави својот крипто закон на почетокот на 2018-та година, кога премиерот Адријан Хаслер објави дека земјата ќе ги регулира блокчејн бизнис-моделите и основните блокчејн системи.

Бројот на стартапи во двете земји, исто така, постојано растеше и покрај крипто зимата и продолжениот bear пазар. Во декември 2018-та година, 750 компании во двете земји користеа дистрибуирана ledger технологија, што претставува пораст за 20 отсто во текот на изминатата година, со 121 нови компании кои влегуваат во просторот.

Покрај тоа, првите 50 стартапи кои се наоѓаат во Швајцарската крипто долина претставуваат една петтина од глобалниот крипто пазар, според крипто инвестициската фирма CV VC.

Leave a comment