Полска воведе нов предлог-закон за разјаснување на крипто-оданочувањето

Полските законодавци воведоа долгоочекуваn нов закон за разјаснување на тековната криптооданочна политика. Документот беше објавен на Полската владинa веб-страница во петокот на 24-ти август, а објаснет од локалниот крипто-медиум Kryptowaluty на 25-ти август.

Kryptowaluty пишува дека новиот документ е понуден за консултации, а Полскиот Министерски совет ќе го разгледа во третиот квартал од 2018-та година. Претходната политика на оданочување,за чија спротиставеност на Полската крипто-заедница беше земена во предвид, но сепак малку изменета. Целта на законот, како што е наведено од страна на владата, е да се поедностави даночниот систем за крипто-трансакции.

Прво, законот ги дефинира криптовалутите во Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам како “дигитална застапеност на пари”. Покрај тоа, виртуелните валути се поделени во две групи – криптовалута и централизирана виртуелна валута – и им е дозволено да се користат како медиум за размена, во е-трговијата и да бидат прифатени како начин на плаќање.

Што се однесува до оданочувањето, законот се однесува и на поединци и на претпријатија. Крипто-кон-крипто трансакции извршени на платформата или поединечно ќе бидат ослободени од данок. Во исто време, приходот од продажба на услуги, имот и стоки ќе се третира како приход за даночни цели.

Документот потоа ги опфаќа крипто-фармачите, истакнувајќи дека оние кои работат за себе нема да бидат наплаќани, додека други кои работат за ентитети или поединци ќе бидат обврзани да плаќаат даноци.

Сегашниот систем на оданочување во Полска е 18% за годишен приход до 85.500 злоти (23.000 долари), а 32% за приходи над овој лимит.

2018-ма година започна со масовна кампања против криптовалутите во Полска. Во февруари, Централната банка на Полска призна дека финансира содржина во вредност од 27.000 долари против крипто, објавена на YouTube, а потоа емитувана од локалните медиуми. Подоцна во мај, слична кампања беше организирана од страна на Полскиот орган за финансиска супервизија (KNF). Материјалите од социјалните медиуми за ризиците поврзани со криптовалутите, пирамидалните шеми и тргување со forex беа финансирани со над 615.000 злоти (околу 173.000 американски долари).

Како што Полската крипто-заедница ја критикуваше кампањата заедно со новонајавеното оданочување за дигитални валути, локалното Министерство за финансии ја врати мерката назад, ветувајќи дека ќе разработи поповолно регулирање.

Сепак, во јуни Полските крипто-сопственици ги обвинија банките за намерно одбивање на услугите за криптовалентни ентитети и селективно затворање на сметките.

Leave a comment