Познат Американски музеј стана трет во земјата кој што ќе прима крипто како начин за плаќање

Great Lakes Science Center, главниот музејски и образовен центар во Кливленд, Охајо, го прифаќа Биткоин (BTC) како начин за плаќање од вчера, 13-ти ноември. Извештајот од локалната новинска агенција Crain’s Cleveland Business (CCB) објави за развојот на оваа одлука на 9-ти ноември.

Според SpendBitcoins USA – директориум од малопродажни трговци кои го прифаќаат Биткоин како плаќање – најмалку два други музеи во САД веќе ја прифаќаат криптовалутата од посетителите – Museum of the Coastal Bend во Тексас и St. Petersburg Museum of History во Флорида.

Прифаќањето на Биткоин од музејот во Охајо доаѓа само две недели пред претстојната инаугуративна конференција наречена Blockland Solutions Conference на почетокот на декември, кога претседателката и извршна директорка на музејот, Кирстен Еленбоген, изјави дека “прифаќањето на Биткоин е само мал дел од моментумот во развивањето на блокчејн екосистем во Кливленд”.

Билетарницата во Great Lakes Science Center, наводно, ќе го користи процесорот за Bitpay за процесирање на крипто, за да се справи со трансакциите на посетителите.

Еленбоген ја донела одлуката да го прифати Биткоин како обврска на  институцијата во учествување на иновации во науката, технологијата, инженерството и математиката:

“Минатата година ја започнавме нашата мобилна апликација која користи зголемена и виртуелна реалност за да им овозможи на гостите да експериментираат со пламењата во вселената и да ги тестираат дизајните на вселенските летала што повторно влегуваат во атмосферата на Земјата кога ќе го посетат NASA Glenn Visitor Center и сега ќе можат да го користат нивниот телефон да платат за нивниот прием со користење на Биткоин.”

Веста од Охајо е во спротивност со неодамнешните коментари на крипто пионерот Џеф Гарзик – околу една недела по 10 годишнината на Биткоин – дека водечката криптовалута е повеќе воспоставена како вредност, а не како средство за плаќање, како што првично беше предвидено.

Гарзик – наводно, “третиот најголем придонесител” на Биткоин кодот и еден од клучните соработници на креаторот на Биткоин Сатоши Накамото – изјави дека додека во првите денови девелоперите биле насочени кон “придобивање на трговци за прифаќање на биткоинот”, денес преовладува популарноста на средството како форма на инвестициско средство.

Неодамнешен извештај од блокчејната разузнавачка фирма Chainalysis, укажува на тоа дека употребата на Биткоин како приватни пари во трговијата е всушност во опаѓање, дури и поради тоа што доби значајна влечна сила како форма на “дигитално злато”.

Leave a comment