Пет едноставни начини за зголемување на вашата приватност при користење на криптовалути

Криптовалутите без приватност се бесмислени. Ако вашите монети не се заменливи, ќе изгубите голем дел од придобивките од користењето криптовалути воопшто. Приватноста не е само добиена и изгубена. Всушност, голем дел од придобивките од приватноста кога станува збор за испраќање, трошење и тргување со крипто се одвиваат  offchain, додека си ја вршите својата работа на интернет.

Незавршената потрага по приватност

Приватноста е како фитнес: начин на живот, а не задача која може веднаш да се реши. Исто како што е потребно време, упорност и фокусирање на различни мускулни групи за да се изгради подобро тело во салата, зајакнување на вашата приватност бара редовни вежби за да се спречи протокот на важни информации. Секој пат кога ќе извршите некоја акција преку интернет, вие издавате дел од своите информации. Ова може да биде особено штетно за корисниците на криптовалути, чии onchain акции секогаш ќе бидат надгледувани.

Кога е поврзан со offchain податочни точки како што се IP, e-мејл адреса и телефонски број, можно е хакерот да изгради комплетна слика за нивната цел. Со оглед на постојано зголемување на способностите на “three-letter agencies”, сигурно е да се претпостави дека во блиска иднина, државата ќе може да изгради многу детална слика за активностите на денешните корисници на криптовалути.

tl; dr: приватноста е важна. Еве пет начини да ја подобрите.

Користете VPN

Има претпоставка дека користењето на VPN бара одреден степен на техничко знаење и е само за приватност. Всушност, поголемиот дел од VPN-овите се лесни и можат да се постават и работат по неколку кликања – нема потреба од рачно пренасочување на портот. Opera сега дури нуди и VPN во своите десктоп и Android пребарувачи. “Подобрената приватност на интернет е сечие право”, тврдат од Opera. Тие се во право. VPN ќе обезбеди додаден слој на приватност кога ќе влезете во некоја берза, како и маскирање на IP адресата поврзана со биткоин трансакции.

Одделете го вашиот редовен е-мејл од вашиот крипто е-мејл

Креирање на посебен е-мејл за секоја крипто услуга што треба да ја извршите е непрактично. Сепак, можете да ги соберете сите ваши пораки поврзани со крипто во една е-мејл адреса. Ова ќе донесе двојни предности: ако вашиот главен е-мејл е компромитиран, хакерот нема да има информации за пристапот до вашите крипто активности. Второ, ако одберете целосно шифрирана е-мејл адреса како Tutanota, љубопитните очи на граничната контрола и другите владини агенции нема да имаат увид во вашето тргување со монети.

Стоп за повторна употреба на адреси

Повеќе од половина од сите биткоин трансакции вклучуваат адреси кои претходно биле користени. Креирањето на нова биткоин адреса е бесплатно, инстант и обезбедува непосреден поттик за приватност. Ако паричникот или платформата што ја користите не ви дозволува да креирате нова адреса по желба, престанете да ја користите. Постојат голем број на натпреварувачки услуги, и префрлување кон услуга која дозволува повеќе алтернативи може да се направи во прашање на минути. Освен ако не вршите пренос на приватни монети како Monero, или ако користите систем базиран на акаунт, а не систем базиран на UTXO, како што е Етереум, секогаш треба да се стремите кон правење нова адреса.

Чувајте ги вашите клучеви и кодови офлајн

Каде ги чувате резервните 2FA кодови за вашите трговски акаунти и приватни клучеви за вашите крипто-паричници? Дали се запишани, се поделени на делови и се чувани офлајн во серија на многу безбедни места? Или се скриени во папка на вашиот лаптоп означен под лажно име? Ќе бидете изненадени колку луѓе се решаваат за последново. Дури и ако сте ја шифрирале папката која ги содржи вашите клучеви и кодови, опасно е да се претпостави дека не може да биде пробиена од одреден хакер, бидејќи, статистички гледано, речиси сигурно ги повторувате лозинките – вие и 10 милиони други.

Одржувањето на вашите приватни клучеви офлајн ќе ве заштити во случај вашиот компјутер да биде физички или дигитално компромитиран. Дури и ако не можете да си го дозволите банкарскиот сеф, поделете го клучот во делови и складирајте го на повеќе локации – со дупликати, за да се обезбеди вишок.

Секогаш промешувајте

Coin mixers  не се за ултра-параноичните: тие се за секого. Ако повеќе луѓе ги пуштаа своите монети преку tumblers, пред да ги повлечат во хардверски паричници, биткоин би станал значително позаменлив, а компаниите за блокчејн форензика би претрпеле голем удар. Дури и ако не можете да бидете мотивирани да ги промешате монетите за поголемо добро, направете го барем за свое. Услугите како што се Cashshuffle за Bitcoin Cash го прават полесно прикривањето на потеклото на вашите монети, додека Coinjoin, инкорпорирани во поприватни паричници како Wasabi, го прават истото за Биткоин.

Има нешто исклучително смирувачки во имањето скриена скрипта која не може да биде поврзана со вашиот идентитет безбедно складирана во хардверски паричник. Тоа е дигитален еквивалент на тоа да се има бункер во двор исполнет со конзервирана стока и муниција во подготвеноста за апокалипсата. Одвојте време да си ја обезбедите приватноста и ќе видите колку тоа ќе ви годи.

Leave a comment