Петтата најголема авиокомпанија во светот го истражува блокчејн за намалување на трошоците за купувачите

Европската авиокомпанија Air France-KLM се здружи со блокчејн патувачкиот екосистем Winding Tree. Целта на партнерството е да ги намали трошоците за клиентите на компанијата со намалување на посредниците.

Оваа алијанса го објави новиот договор на официјалниот веб-сајт во четвртокот, 4-ти октомври.

Петта најголема авиокомпанија во светот по приходи во 2018-та година, Air France-KLM се надева дека блокчејнот ќе помогне да се обезбеди “поповолна туристичка понуда за купувачите што е попрофитабилно за снабдувачите, особено со намалување на бројот на посредници”.

Соња Бариер, извршен потпретседател за стратегија и иновации во Air France-KLM, смета дека блокчејнот ќе ги “револуционизира платформите за размена во индустријата за патување” и за потрошувачите и за компаниите.

Со новиот договор, Air France-KLM се приклучува на редовите на други авиокомпании кои претходно се здружија со Winding Tree.

Компанијата веќе има договори со Lufthansa, Swiss Air, Air New Zealand, Austrian, Brussels Airlines и Eurowings. Освен тоа, платформата за патувања со отворен код, исто така, работи со еден од најголемите хотелски синџири во Скандинавија и Балтичкиот регион, Nordic Choice Hotels.

Авиокомпаниите би можеле да користат блокчејн не само за да го поедностават процесот на резервација, туку и да започнат програми за лојалност, да го следат багажот и да ја подобрат аеродромската логистика, како и да спречат пребукирања.

На пример, Руската авиокомпанија S7 соработува со државниот гигант за природен гас Gazprom за да ги користи паметните договори базирани на блокчејн за гориво на авиони за домашни летови. И Singapore Airlines започна дигитален wallet базиран на блокчејн, ко-развиен од Microsoft.

Leave a comment