Патент на Mastercard тврди дека криптовалутите може да имаат корист од фракционото резервно банкарство

Корпорацијата за мултинационални финансиски услуги на САД, Mastercard сака да ги примени принципите на фракционо резервно банкарство за криптовалути, стои во објавата на 25-ти октомври, од новата апликација за патенти.

Според документот, објавен од страна на U.S. Patent & Trademark Office (USPTO), процесорот за плаќање има намера да им дозволи на трговците да комуницираат со она што го нарекуваат “блокчејн валути” преку нов метод на истовремено складирање на крипто и fiat.

Поточно, упатува на “методи за управување со фракциони резерви на блокчејн валута”.

Mastercard покажал помешан јавен став за криптовалути во последниве години, овој месец освојувајќи уште еден патент поврзан со блокчејн, додека сигнализирајќи заедно со Visa, може да ги класифицира криптовалутите и ICO како “висок ризик”.

Во својот нов поднесок за патент, компанијата се чини дека сака да ги примени принципите на fiat banking системот, за кој смета дека “се специјално дизајнирани и конфигурирани за безбедно чување и заштита на кориснички и трговски информации и ингеренции”. Понатаму во пријавата се наведува:

“[…] Употребата на традиционални платежни мрежи и платните системи во комбинација со блокчејн валути може да им обезбеди на потрошувачите и на трговците придобивки од децентрализираниот блокчејн, додека се уште ја одржуваат безбедноста на информациите за акаунтите и обезбедуваат силна одбрана од измама и кражба.”

Концептот може да ги изненади некои коментатори, но веќе  фракционото резервно банкарство – каде што не постои доказ дека давателот ги има средствата што одговараат на ветените холдинзи на купувачот – веќе има транспарентно решение во Биткоин.

Noble Bank, поранешната главна резервна банка за Tether stablecoin (USDT), којашто е поврзана со американскиот долар, тврдеше дека не користела фракциона резерва и би можела да докаже дека имала еден долар за секој  USDT токен, иако проектот за stablecoin избегнувал да оди преку јавна ревизија.

Leave a comment