Пасошките такси во Венецуела мора да се плаќаат со контроверзната валута Petro

Жителите на Венецуела може да ја користат државната криптовалута, Petro, да платат за пасошки такси почнувајќи од следната недела, изјави потпретседателот на земјата, Делси Родригез, на прес-конференцијата во петокот, 5-ти октомври.

Пред официјалното “лансирање” на Petro во ноември, Родригез потврди дека од понеделник, 8-ми октомври, надоместоците за сите пасошки апликации ќе бидат наплаќани само во Petro и ќе чинат: 2 за нов пасош и 1 Petro за продолжување на стариот.

Просечната месечна минимална плата во Венецуела, спореd извештаите на Bloomberg, е четири пати помала од цената на зголемената пасошка такса.

“Во случај на Венецуелци кои се во странство, до првиот ден од ноември цената ќе биде 200 долари за издавање и 100 долари за продолжување”, изјави Родригез, според водечкиот латиноамерикански весник El Universal.

Венецуела се обиде да се бори против несаканите ефекти од неконтролираната инфлација и неуспешната економија, прифаќајќи ја употребата на криптовалути за да ги заобиколи контролите на капиталот.

Petro, наводното решение на претседателот Николас Мадуро за економската криза во земјата, постојано е поврзано со контроверзии, и разни обвинувања како тоа од минатата недела, дека неговите програмери ја копирале белата книга на altcoin-от Dash.

Заедно со пасошките такси, Родригез исто така најави формирање посветена миграциска полиција, наводно дизајнирана за “зачувување на безбедноста на граѓаните и миграторната контрола”.

Bloomberg забележува дека околу 5.000 граѓани секојдневно ја напуштаат Венецуела.

Leave a comment