Официјално: Русија ќе го одложи усвојувањето на законот за дигитални валути

Рускиот парламент, Државната Дума, може да го одложи усвојувањето на главниот крипто-закон во земјата наречен “За дигитални финансиски средства” (DFA) до есенската сесија, објави локалниот новински сајт TASS на 9-ти јули.

Думата размислува да го премести усвојувањето на законот за DFA за есенската сесија, додека претставниците во голема мера се согласија за нацрт-законот за  crowdfunding, според претседателот на Комитетот на Државната Дума за финансиски пазари, Анатолиј Аксаков.

Аксаков понатаму објасни дека официјалните лица не успеале да постигнат заедничка позиција за судбината на дигиталните валути во Русија, велејќи:

“Законот за DFA треба да одлучи дали ќе ги забраниме криптовалутите како медиум за размена во Руското законодавство, што значи дека нема да има точки на размена ниту берзи кои работат со криптовалути. Се’ уште не постигнавме консензус за ова прашање. Треба да се дефинира што е криптовалута на законодавно ниво. Потоа, патот има две насоки: ние или забрануваме организирање на инфраструктура за купување и продавање на криптовaлути во Русија или ќе го дозволиме сето тоа.”

Првично, парламентот на земјата планираше да го усвои законот на крајот од јуни. Во тоа време, заменик-министерот за финансии на Русија, Алексеј Моисеев, откри дека властите одобриле посебно законодавство за ICO, што ќе биде дел од Рускиот закон за crowdfunding финансирање.

Претходно, Русија веќе го одложи усвојувањето на крипто законите поради условот од Финансиската акциска работна група за перење пари (FATF) кон крајот на мај. FATF потоа им нареди на Руските законодавци да ја прошират терминологијата на федералниот закон за регулирање на крипто средства, барајќи од земјата да донесува закони за големи индустриски термини, како што се криптовалути и Биткоин (BTC).

Leave a comment