Официјален претставник од Резервната банка на Австралија “не е убеден” дека има потреба од дигитален долар

Помошник гувернерот на Резервната банка на Австралија (RBA), Мишел Булок, изјави дека банката не е убедена во потребата да се создаде дигитален Австралиски долар, објави весникот за бизнис и финансии The Australian Financial Review на 24-ти октомври.

Говорејќи на банкарската и финансиска конференција Sibos 2018 во Сиднеј, Булок, наводно, изјавила дека е “заинтересирана да размисли за какви проблеми овие технологии се дизајнирани да поправат [но] во многу случаи, едноставно не гледам каква е поентата од нив”.

Меѓу “најавените” бенефиции кои дигиталната валута може да им ги обезбеди на централните банки, Булок ја нагласи можноста технички да се прескокне проблемот со монетарната политика на “долната граница”, дозволувајќи и на централната банка да ги поддржи негативните каматни стапки. Иако, сепак, тоа е се уште “непроверена и сосема поинаква идеја”, додаде таа.

Булок изјави дека пред банката разумно да донесе ново средство како дигитална валута, ќе треба да има докажан случај на употреба пред тоа. Таа додаде дека поборниците за дигитален долар најпрво треба да покажат зошто тековните платежни системи “не можат да ги испорачаат” истите придобивки како дистрибуираната ledger. Таа изјави:

“Не сум убедена дека има корист”.

Во врска со придобивката поврзана со издавањето национални валути на дистрибуирана ledger, Булок изјави дека “не е материјална” во однос на другите трошоци во системот. Помошник гувернерот изјави дека дигиталната валута “сигурно ќе биде поедноставување”, иако:

“Тоа не е барање во смисла на тоа дека неефикасноста што ја бараме да се реши тука не престојува во последната финална размена на готовина во постоечки дигитализиран готовински систем со соодветни хартии од вредност – што всушност претставува високо ефикасна и брза размена.”

Во јуни, централната банка на Австралија негираше дека ќе издаде сопствена криптовалута, нарекувајќи го Биткоин (BTC) “фасцинантен”, но “неефикасен”. Тони Ричардс, шеф за платни биланси на RBA, изјави дека издавањето на сопствениот токен на банката е ” висок приоритет за нас, но тоа е нешто на кое продолжуваме да работиме”.

Исто така во јуни, директорот на Одборот на Швајцарската национална банка (SNB), Томас Мосер, рече дека криптовалутите и блокчејната технологија се премногу примитивни за воопшто да размислат за издавање на државна дигитална валута. Мосер го спореди блокчејн во својата сегашна состојба со “бескорисни иновации” како компакт дискови (ЦД-а), наведувајќи дека “нешто слично мора да се случи со BTC. Луѓето ќе се префрлат само на нешто ново ако работи подобро или е поевтино”.

Leave a comment