Осуденик кој перел Биткоин најавува штрајк со глад за да добие “фер судење”

Адвокатот на Александар Виник, наводниот поранешен оператор на веќе сега непостоечката крипто берза BTC, изјави дека неговиот обвинет ќе оди на штрајк со глад во понеделникот, објави Рускиот државен медиум TASS,  на 23-ти ноември.

Според Тимофеј Мусатов, шеф на адвокатите што го претставуваат Виник, причината за штрајкот со глад е дека “тој [Виник] бил одземен од правото на одбрана во Франција и, следствено, во Грција”. Адвокатот исто така забележал дека “стана јасно дека европската потерница издадена од Франција е истечена”.

Во 2017-та година, Грчкиот Врховен суд пресуди да го екстрадира Виник во САД, каде што се соочува со обвиненија за перење пари и измама. Во јуни, еден Грчки суд пресуди да го екстрадира Виник во Франција. Грчкиот Врховен суд разговараше за екстрадицијата на Виник во Франција на 19-ти ноември, но ја одложи пресудата до 29-ти ноември, како што објави TASS.

Според TASS, Мусатов, исто така, го обвинува судијата на Грчкиот Врховен суд дека го игнорирал него и неговиот тим:

“Судијата на Грчкиот Врховен суд целосно ја игнорира работата на адвокати кои дури и не можат да поднесат петиција. Тој не им дава можност да зборуваат или да го сторат тоа”.

Адвокатот изјавил дека “нема фер судење, тој неизбежно ќе биде депортиран во САД преку Франција, каде што ќе добие нешто близу до доживотен затвор, што е еднакво на смрт”.

Потоа понатаму го разјаснил размислувањето на Виник, наведувајќи дека “по набљудувањето на оваа ситуација, Александар сфатил дека ќе добие фер судење или ќе умре”.

Шефот на тимот адвокати исто така објасни дека неговиот обвинет “сфатил дека нема други опции и одлучил да започне штрајк со глад во понеделникот во знак на протест против оваа ситуација”.

Според Мусатов, Виник дошол до овој заклучок кога неговиот Грчки адвокат, Зое Константопулу, “отворено” изјави за време на судската седница на 19-ти ноември дека “судот нема да постапува со некој граѓанин на ЕУ или Грција, како што го третира Александар само затоа што е Руски државјанин”.

Константопулу исто така го обвинува Грчкиот Врховен суд дека ги повредува правата на обвинетиот со тоа што не обезбедил преводи на судски документи по негово барање.

 

Leave a comment