Основачот на QuadrigaCX може да ги чувал приватните клучеви на хартија во сигурносен сеф

Основачот на големата Канадска крипто берза QuadrigaCX, Џералд Котен, може да ги чувал приватните клучеви од берзата на хартија во сефови, објави Bloomberg на 15-ти февруари.

Во интервјуто за “True Bromance Podcast” во февруари 2014-та година, Котен предупреди за опасноста од губење на клучевите од системите за складирање на cold wallet и со тоа да се изгуби пристапот до средствата што се складираат на нив. “Дури и владата на САД, со најголемите компјутери во светот, не може да ги добие тие монети ако сте го изгубиле приватниот клуч. Невозможно е да се добијат.”, изјави Котен.

Котен понатаму објасни дека најдобриот начин да се задржат приватни клучеви – кои се во основа ланец на броеви и букви – е да се испечатат и да ги складираат офлајн во сефови. “Така на ваков начин вашиот Биткоин никогаш нема да може да биде украден, освен ако некој не се влезе во банката и го украде вашиот сеф и ги најде вашите приватни клучеви внатре итн.”, додаде Котте.

Основачот на Quadriga откри дека тимот кој стои зад берзата всушност ги зачувал своите приватни клучеви офлајн во сефови на компанијата во банка. Котен објасни:

“Во суштина ставаме еден куп хартиени паричници во сеф, и ги памтиме нивните адреси. Па ние само испраќаме пари во нив и не треба да се враќаме во банката секогаш кога ќе сакаме да ставиме нови пари. Ние само испраќаме пари од нашата Биткоин апликација директно на оние хартиени паричници, и на тој начин ги чуваме безбедни.”

Од Quadriga не можеле да пристапат до своите паричници, каде што го чуваат поголемиот дел од средствата, бидејќи Котен, кој одеднаш почина во почетокот на декември, очигледно беше единствениот одговорен за паричниците и соодветните клучеви. Берзата, наводно, поседува само 286.000 долари во готовина, додека на своите корисници им должи 198.435.000 долари. Соочувајќи се со несолвентност, берзата побара заштита на доверителите во Канадскиот суд.

Вчера судијата на Врховниот суд во Нова Шкотска, Мајкл Вуд, ја одложи одлуката за правна застапеност на клиентите на Quadriga, велејќи дека ќе издаде писмена одлука за случајот во рок од една недела. На судското сослушување, наводно, се собрале над десетина адвокати кои претставуваат 115.000 крипто трговци, барајќи да се надоместат 52 милиони долари во готовина и 142 милиони долари во Биткоин и други криптовалути.

Leave a comment