Основачот на Overstock: блокчејн може да направи владите да не може да се поткупат

Основачот и извршниот директор на трговскиот гигант “Overstock.com” Патрик Бирн, вели дека блокчејнот може да ја направи владата “суперефикасна и отпорна на поткуп”, во интервју за MarketWatch објавено на 12-ти февруари.

Бирн, наводно, рече дека владините служби стигнале до пресвртница за фундаментална промена на нивната структура, а блокчејн технологијата, според него, ќе биде оптимално решение.

Бирн предложи “градење на влада-како-услуга, пакет на различни намени и компании кои меѓу нив може да ја доведат блокчејн технологијата до услугите кои ги нуди владата”, што на крајот ќе ја “направи владата супериорна, поефтини владини трошоци и отпорна на поткуп”. Тој изјави:

“Ние би можеле да влеземе во Венецуела со шест лаптопи и да создадеме не само функционално општество, но веројатно едно со најнапредните владини системи во светот. Можеме да им донесеме централна банка на лаптопот. Секој во Венецуела презема бесплатна апликација, и одеднаш го имате најнапредниот монетарен систем на планетата.”

Бирн, наводно, открил дека очекува во блиска иднина да склучи договор со повеќе од една суверена нација за да почне радикално да ги преструктуираат нејзините владини услуги.

Во јануари, Overstock.com објави дека ќе плати дел од своите деловни такси во државата Охајо со помош на Биткоин (BTC) преку неодамна лансираната крипто платформа за плаќање на даноци, OhioCrypto.com. Бирн тогаш изјави дека владиното усвојување на криптовалутите и другите нови технологии, придружено со пријателско законодавство, е “најдобриот начин да се осигураат дека САД не го губат нивното место на чело на светската економија што постојано напредува”.

Неодамна, новиот крипто закон на Венецуела, кој воспоставува правна рамка за индустријата, официјално стапи во сила. Легислативата, исто така, го воведе концептот на суверен крипто имот – секоја валута издадена во Венецуела и овластена од владата – и воспостави задолжителни лиценци за крипто фармачки субјекти и крипто берзи, и воведува парични казни за нелиценцирани активности.

Во декември професорот по економија и јавна политика на Универзитетот Харвард, Кенет Рогоф, изјави дека владите во светот во иднина можат “да ги регулираат и да ги направат соодветни” иновациите околу новите класи на имот како што се криптовалутите, бидејќи кооринираната глобална регулатива на крајот ќе се обиде да “искорени приватно изградени системи:

“Вистинскиот начин да се размислува за крипто монетите е да се замислат како билети за лотарија што се исплаќаат во дистописка иднина, каде што се користат во непријателски и неуспешни држави, или можеби во земји каде што граѓаните веќе ја загубиле сета приватност. Не е случајно што дисфункционалната Венецуела е првиот издавач на криптовалута поддржана од државата (Petro). “

Leave a comment