Основан Австриски блокчејн центар за мултидисциплинарни истражувања во Виена

The COMET Centers, кои ги координира Австриската агенција за промоција на истражувања (FFG), го одобрија Австрискиот блокчејн центар (ABC) во Виена, според соопштението за медиумите на 29-ти ноември.

ABC вклучува 21 научни институции, 54 компании, 17 поврзани учесници и 16 меѓународни институции и компании. Според соопштението, истражувачкиот центар ќе биде мултидисциплинарен и ќе се фокусира на Internet of things, финансиите, енергијата, логистиката и апликациите во јавната администрација.

Алфред Таудес, академски директор и координатор на центарот, и раководител на Институтот за истражување за криптоекономија на Универзитетот за економија и бизнис во Виена, изјави дека мултидисциплинарниот пристап е “неопходен за сеопфатно истражување”.

Центарот ќе спроведе истражување и развој во пет различни области; криптографска технологија и безбедност; криптоекономско моделирање и бизнис блокчејн апликации; новите индустрии и блокчејн во производството; методи за анализа на податоци за блокчејн аналитики и предвидувања; и правни и политички импликации.

Новиот истражувачки центар, наводно, ќе работи заедно со други COMET Centers и меѓународни блокчејн иницијативи. Центрите се финансирани од Австриското Министерство за транспорт, иновации и технологија и Сојузното министерство за дигитални и економски прашања. ABC, исто така, ќе добие поддршка од провинциите Долна Австрија и Форарлберг.

Австриската влада беше проактивна во поддршката за блокчејн иницијативите и развојот на оваа технологија. Во септември, владата реши да понуди обврзница од 1,35 милијарди американски долари на блокчејнот Еthereum. Во тоа време, Австрискиот министер за финансии, Хартвиг Лоегер, изјави дека министерството размислува за блокчејн технологија, бидејќи претставува “фокус кон економската политика”.

Претходно овој месец Австриската влада поддржа Британска истражувачка компанија за рак, која во својата работа користи блокчејн. Lancor Scientific, која има развиено уред за откривање на повеќе видови на рак, ги евидентира резултатите преку smart contracts на блокчејн. Фирмата планира да отвори истражувачка лабораторија во Австрискиот град Грац.

Leave a comment