“Операција Cryptosweep” резултираше со 200 крипто-поврзани истраги

Северноамериканската асоцијација за администратори на хартии од вредност (NASAA) објави вчера, 28-ми август, дека нејзината тековна иницијатива “Операција Cryptosweep” резултираше со над 200 истраги за ICO и крипто-поврзани инвестициски производи.

Државните и провинциските регулатори за хартии од вредност во САД и Канада започнаа проверки за потенцијално измамнички програми за крипто-инвестирање, како дел од операцијата “Cryptosweep” на NASAA во мај. Иницијативата која е насочена кон сомнителни крипто-инвестициски производи е, наводно, најголема ваква координирана истрага од страна на државни и провинциски функционери.

Претседателот на NASAA  и директорот на Комисијата за хартии од вредност на Алабама, Џозеф П. Борг, изјави дека во текот на нивните истраги, регулаторите се соочиле со бројни активности поврзани со крипто, што може да претставува прекршување на законите за државни и провинциски хартии од вредност. Ваквите прекршувања вклучуваат неуспех правилно да се регистрираат производи пред да им се понудат на инвеститорите. Борг изјави:

“Иако не секоја инвестиција поврзана со ICO или криптовалути е измама, важно е за поединците и фирмите кои ги продаваат овие производи да бидат свесни дека не го прават тоа во вакуум; мора да се применат државните и провинциските закони или регулативи, особено закони за хартии од вредност. Спонзорите на овие производи треба да побараат совети од правен советник кој е запознаен со знаења околу оваа област за да се осигурат дека не го попречуваат законот. Понатаму, силна култура на усогласеност треба да биде воспоставена пред, а не по, продавањето на овие производи  на инвеститори.”

Во соопштението се наведува дека, со цел да се обезбеди одредена мерка за заштита на инвеститорите, секој проект квалификуван како обезбеден треба да биде регистриран кај соодветните регулаторни агенции или да аплицира за ослободување од регистрација.

NASAA забележува дека дури и регистрираните производи можат да бидат лажни, па затоа инвеститорите треба да извршат сопствена анализа пред да инвестираат во ICO или проекти поврзани со крипто.

Од почетокот на проектот во мај, инспекторите откриле околу 30.000 крипто-поврзани имиња на домени, од кои повеќето беа регистрирани минатата година кога цената на Биткоин (BTC) достигна рекордно високо ниво од 20.000 долари.

Наводните измами, користеле лажни адреси, светкави маркетиншки материјали и гаранции до четири проценти дневна каматна стапка, додека не успеале да предупредат од потенцијалните ризици од крипто-инвестиции. Според апдејтот за “Операција Cryptosweep”, регулаторите издале 46 полициски акции.

Leave a comment